Лапорта разочаран: Загубивме бодови што требаше да ги освоиме
- Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за позицијата на „сино-црвените“ во Примера дивизион. Во последните недели, Барса играше лошо и го загуби стекнатото водство на врвот на табелата во шпанскиот шампионат.
Барселона, 17 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за позицијата на „сино-црвените“ во Примера дивизион. Во последните недели, Барса играше лошо и го загуби стекнатото водство на врвот на табелата во шпанскиот шампионат.
-Не сакам да гледам наназад. Денес првенството како да почнува од нула. Веруваме дека чашата е половина полна. Се разбира, би сакале да имаме водство од 7 или 8 поени на врвот. Загубивме бодови кои требаше да ги освоиме, но за мене тоа е само минато. Мораме да одиме напред и секој натпревар треба да биде како финале. Токму така треба да му пристапиме на натпреварот против Атлетико Мадрид, изјави претседателот на Барселона, цитиран од весникот „AC“.
Барса води во табелата во Ла Лига со 38 бодови, пред Атлетико Мадрид, кој заостанува бод, но и натпревар помалку.
Каталонците и тимот од главниот град ќе играат во дербито на шпанскиот шампионат на 21 декември. дс
Фото: Архива