• вторник, 19 ноември 2024

Потпретседателот на СПД најави оставка од партиската функција

Потпретседателот на СПД најави оставка од партиската функција
Берлин, 29 октомври 2021 (МИА) - Норберт Валтер-Борјанс, потпретседателот на Германска социјалдемократска партија (СПД) ќе се повлече од функцијата во декември. Валтер-Борјанс беше избран да претседава со партијата заедно со Саскиа Ескен по долгиот изборен процес во 2019 година, кога традиционалната партија на германската левица беше длабоко во застој. - За мене, да се биде претседател од самиот почеток не беше поврзано со понатамошна кариера, туку целта беше да ја вратам партијата на курсот. Со оваа мисија дојдов толку далеку, што сега можам да кажам: некој помлад сега треба да ја преземе функцијата, изјави 69-годишниот Валтер-Борјанс за весникот Реинише пост. СПД на изборите освои 25,7 отсто од гласовите, победувајќи го конзервативниот блок на канцеларката во заминување Ангела Меркел, кој освои 24,1 проценти од гласовите. СПД во моментов води коалициски разговори со две помали партии, Зелените, кои освоија 14,8 отсто и Слободните демократи (ФДП), кои добија 11,5 проценти. ми/

Остани поврзан