• недела, 01 септември 2024

„Поточиња“ се одржува утре во Градски парк

„Поточиња“ се одржува утре во Градски парк
Скопје, 2 јули 2021 (МИА) - По подолго време, поради ситуацијата со коронавирусот, на радост на најмалите, Детскиот фестивал „Поточиња“ повторно на отворена сцена и пред публика ќе го одржи своето 18-то издание. Фестивалот ќе се одржи утре на „Школка“ во Градски парк“ со почеток од 11 часот. На публиката ќе и бидат претставени нови единаесет песни, а низ фестивалската приказна ќе ги води популарната маскота „Поки“. Од организацијата „Пап продукција“ информираат дека во услови на пандемија изминатите месеци морало да се ограничи бројот на деца - учесници, кои пак со многу љубов, труд и посветеност земаа учество во новото издание. Влезот е бесплатен, а фестивалот ќе биде организиран согласно протоколите за заштита од Ковид-19. фф/сп/

Остани поврзан