• среда, 25 декември 2024

Во Охрид се одржува традиционалната Меѓународна научна конференција за македонски јазик, литература и култура

Во Охрид се одржува традиционалната Меѓународна научна конференција за македонски јазик, литература и култура

Охрид, 30 август (МИА) – Осумдесет и пет македонисти, филолози, слависти, балканолози, културолози, академици, емеритуси, раководители на Катедри на лекторатите, професори, научни истражувачи, лектори и преведувачи ќе ги презентираат своите истражувања од областа на македонскиот јазик и литературата, на днодневната 51. Меѓународна научна конференција што од денеска ќе се одржува во Охрид.

На собирот што секоја година традиционално се одржува непосредно по завршувањето на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, ќе бидат презентирани 75 научни трудови и реферати, со што симболично ќе биде одбележана 75-годишнината од формирањето на најстариот универзитет во земјава.

Во рамки на Конференцијата ќе се одржуваат две секции - јазична и литературно-културолошка, што оваа година ќе минат во знакот на значајните јубилеи: 150 години од раѓањето на Крсте Мисирков, 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски и 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски.

По завршувањето на собирот како и секија година ќе бидат објавени Зборникот предавања од 57. Летна школа и Зборникот трудови од 51. Меѓународна научна конференција. аб/лв/

фото/МИА

 

Остани поврзан