Објавен нов број на списанието за литература, култура и уметност „Современост”
- Најновиот, прв број на „Современост“ за 2024 г. содржи 35 статии на 185 страници. Бројот, како што наведува издавачот, е отворен со прозни прилози од Стефан Марковски, Катерина Момева, Анде Јанков, Сузи Тенева и Станка Бајлозова-Барламова.
Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Најновиот, прв број на „Современост“ за 2024 г. содржи 35 статии на 185 страници. Бројот, како што наведува издавачот, е отворен со прозни прилози од Стефан Марковски, Катерина Момева, Анде Јанков, Сузи Тенева и Станка Бајлозова-Барламова.
Потоа следат поетските творби од Мирјана Тренчева, Лиле Стефановска, Тања Кузманоска, Виктор Б. Шеќеровски, Адем Абдулаху, Марија Брндевска и Ангелина Бачева-Орбовиќ.
Во рубриката Интерпретации се вклучени прилози од Васил Тоциновски, Славчо Ковилоски, Звонко и Мартина Танески, како и Давор Тоциновски, Кристина Николовска, Елена Станкоска и Верица Мукоска.
Рубриката Вреднувања или рецензии е отворена со прилози од: Санде Стојчевски, Славчо Ковилоски, Мишо Китаноски, Христо Петрески, Васил Дрвошанов, Јованка Денкова и Снежана Стојчевска.
Крајот е отстапен за новата рубрика книжевни таленти во која се застапени дела од младите поети: Михаела Стефановска, Иво Донев, Маша Тодевска, Нино Наумовски, Методија Тасевски, Александра Арсовска и Бунјамин Мефаил.
Преведен е и извадок од познатата пиеса „Плејбој на западниот свет“ од Џон Милингтон Синг од англиски на македонски јазик.
Илустрациите вклучени во бројот се на академскиот сликар Ниче Василев, посочува од уредништвото на списанието. вг/
Фото: Корица