• недела, 28 јули 2024

Поставени седум соларни вакуумски колектори на соблекувалните на градскиот стадион во Неготино

Поставени седум соларни вакуумски колектори на соблекувалните на градскиот стадион во Неготино

Неготино, 9 септември 2023 (МИА) - Поставени се седум соларни вакуумски колектори на соблекувалните на градскиот стадион во Неготино, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

- Согласно Програмата за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2023 година и со финансиски средства од општинскиот буџет, на соблекувалните на градскиот стадион поставени се седум соларни вакуумски колектори од по 200 литри, или со вкупен капацитет од 1.400 литри, појасни градоначалникот. 

Со нив, додаде тој,  се задоволуваат потребите на соблекувалните на домашните и гостинските играчи, на судиите и ОФС.

- Изведувач на работите е „Мики монт“ Неготино, а со поставувањето на колекторите ќе дојде до значителна заштеда на електрична енергија, бидејќи од употреба се исфрлаат пластичните електрични бојлери, со голема потрошувачка на електрична енергија, рече Стојанов. свд/аа/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Стојанов 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан