• среда, 25 декември 2024

Ристески: Се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка, граѓаните да ја очекуваат наредниот месец

Ристески: Се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка, граѓаните да ја очекуваат наредниот месец

Прилеп, 23 ноември 2024 (МИА) - Наголемо се подготвува новогодишната  потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец со околу 500 производи, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Тој рече дека се извршени сите консултации со стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите.

-Имавме поопсежни консултации со повеќе фактори кои влијаат на крајната цена на производите битна за потрошувачите, тоа се бизнис секторот, преку стопанските комори, имавме состаноци и со синдикатите и со Организацијата за заштита на потрошувачите. Со една многу добро, внимателно подготвена анализа ќе излеземе за новогодишната кошничка за брзо време. Се надевам дека ќе имаме преку 500 производи кои ќе бидат опфатени со намалување на цени, односно повеќе групи на производи. Ќе има и некои различни производи од есенската потрошувачка кошничка. За граѓаните најбитно е што ќе бидат опфатени производи кои се најзастапени на трпезата за Нова година и за празниците околу Нова година, изјави Ристески.

Тој е уверен дека потрошувачката кошничка ќе донесе бенефити за граѓаните.

-Граѓаните секако треба да ги очекуваат бенефитите од новогодишната потрошувачка кошничка. Ние најавивме повеќе такви потрошувачки кошнички за најголемите празници кога потрошувачката на одредени производи е најголема. Со ова имаме две цели - да не дозволиме инфлацијата да оди нагоре, како и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи, посочи Ристески.

Министерството за економија и труд будно ја седи примената на Законот за нефер трговски практики. Договорите се потпишани со маркетите. Има детектирани два клучни проблеми, повратот на стоката и во однос на маркетингот.

-Со Владата, и со Комисијата  за заштита на конкуренцијата ќе гледаме да донесеме соодветни одлуки кои ќе бидат во интерес и на производителите, и на добавувачите на маркетите и секако, во интерес на потрошувачите, рече Ристески.ем/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан