• петок, 08 ноември 2024

Попова Шапка домаќин на настани за промоција на планината „ПроШарај 2024“

Попова Шапка домаќин на настани за промоција на планината „ПроШарај 2024“

Tетово, 26 август 2024 (МИА) – Планинарски тури, еколошка акција, еко-базар се дел од настаните коишто во деновите од викендот се одржаа на Попова Шапка во рамки на „ПроШарај 2024“. Втора година по ред, преку повеќе активности, организаторите упатуваат порака дека Шар Шланина постојано инспирира и дека е место за релаксација, авантури и дружба. Дводневната програма на тема планина, одржливост, рециклирање беше наменети за сите возрасти.

- Тинејџерите овојпат имаа камп кој што трае два дена, со кратка тура до Јелак, каде што учеа основни планинарски вештини, поставување шатори, како треба се облечат за на планина итн. За најмалите еко катче кадешто бојат на рециклирани материјали. За возрасните имаме екобазар, еден од основните карактеристики на сите настани досега на Шарам. Имаше две работилници за возрасни, панел дискусија на тема „Планината во нас“, планинарската тура оваа година беше до Антени, а имавме и еко акција. За забавата се задолжени локални зведувачи од Тетово. Ја избравме Попова Шапка за место за одржување на настаните, од една страна поради љубовта кон неа, од друга страна поради револт, затоа што сѐ се организира на други центри, а Шапка нуди многу природни убавини, вели организаторката Александра Новеска од „Шарам“.

Учесниците на еко-базарот велат дека вакви настани се потребни за промоција на потенцијалите кои ги нуди Шар Планина и помагаат за промовирање на занаети кои се дел од македонската традиција и ракотворби коишто се од еколошки или од рециклирани материјали. Велат дека во нивна организација треба да се вклучат и властите, а не само невладините организации.

- Базарите се вистинско место каде што може да се прзентираат, пред се вакви интересни ракотворби. Нашиот штанд е базиран на рециклажа, имаме производи од дрво, слики, привезоци, магнети итн. Малку е поспецифичен тип на производ, затоа што обично луѓето денеска се ориентирани на метал и пластика, па кога ќе видат вака дрво - интересот е голем, но треба време додека се развие свесноста за екологијата, дека не треба да ги трошиме ресурсите, туку треба да рециклираме, вели Владимир Андонов, од штандот со рециклирани производи.

- Убав настан којшто навистина нѐ промовираше ми се чини од тука и почна повеќе идејата да се прават повеќе вакви настани и случувања така што и младите веќе почнуваат повеќе да ги ценат овие работи кога ќе ги видат вака изложени. Моите ракотворби - чанти повеќе се наменети за младите, има и  шнолички, футроли и слично. Рачната изработка полека почнува да се цени, вели Соња Близновска, која изработува плетени ракотворби.

- Соработувам со локални грнчари, а саксиите и вазните потоа ги доработувам со фина изработка и ги цртам, јас сум сликар по професија. Искрено има заинтересираност затоа што најпрво е еколошки продукт, нели замена за пластични саксии, тоа доста ги привлекува луѓето да купат глинена саксија, затоа што е локално производство“, вели Христина Крстеск, учесник на базарот.

На базарот беше промовирана и домашно произведена храна, од градинарски производи од подшарпланинските села.

-Тоа што го нудиме зависи првенствено од природата во којашто Шара е многу содржана.  Зависност од приносот и годинава се надеваме дека ќе имаа ајвар, ќе има салца, мармалад од смокви, од малини и од сливи. Ајварот ни е најмногу баран по икуството од минатата година. Со оглед на тоа дека е макотрпна работата, а и задоволството е големо да се вкуси ајвар што е произведен од пиперки што се растени во домашна бавча“, вели Андријана Ристовска Мариниќ.

„ПроШарај“ и оваа година се одржа во Конак, во манастирскиот комплекс на Попова Шапка.ас/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан