• недела, 10 ноември 2024

Полските земјоделци ја продолжија блокадата на три пункта на границата со Украина

Полските земјоделци ја продолжија блокадата на три пункта на границата со Украина

Киев, 27 март 2024 (МИА) – Полските земјоделци денеска продолжија со блокадата на три премини на украинско-полската граница. Блокирани се премините Јагодин, Рава-Русја и Угринив.

Изминатите денови полските фармери блокираа само три правци. Претходно блокираа шест. Пунктовите Кракивец, Шегини и Устилуг се деблокирани. Сега е интензивиран сообраќајот во двата правци – и кон Украина и кон Полска. А продолжуваат блокадите на контролните пунктови Јагодин, Рава-Русја и Угринив, изјави портпаролот на Украинската гранична служба (ДПСУ) Андриј Демченко.

Тој додаде дека полските земјоделци на граничните премини Јагодин и Рава Руска не им дозволуваат на товарните возила од Украина да влезат во Полска.

За утре е закажан меѓувладин состанок помеѓу Украина и Полска посветен на деблокада на границата.

Во Полска и во други европски земји подолг период земјоделците протестираат поради законот на Европска Унија за заштита на животната средина и нелојалната конкуренција од Украина, бидејќи ЕУ во 2022 година ги укина царините за увоз од Украина. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан