• сабота, 09 ноември 2024

Повремени врнежи и грмежи и засилен северен ветер

Повремени врнежи и грмежи и засилен северен ветер

Скопје, 29 септември 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно, од утринските часови најпрвин во северните, а во текот на денот и во останатите делови со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. 

Ќе дува засилен северен ветер, наместа со брзина над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 22 степена.

-Во понеделник ќе продолжи да дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер со брзина над 70 километри на час. Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд, соопшти УХМР. хс/цр

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан