Печалбари од селото Петралинци донираа работни униформи за комуналците во Босилово и компјутери и училишни столчиња
- Печалбари од селото Петралинци, Општина Босилово, организирани во Дијаспора Петралинци-Швајцарија, донираа висококвалитетни специјални работни униформи за вработените во ЈКП „Огражден“ од Босилово.
Босилово, 29 август 2024 (МИА) - Печалбари од селото Петралинци, Општина Босилово, организирани во Дијаспора Петралинци-Швајцарија, донираа висококвалитетни специјални работни униформи за вработените во ЈКП „Огражден“ од Босилово.
Според информацијата од градоначалникот Ристо Манчев, донацијата се проценува во вредност од околу 20 илјади евра и се обезбедени повеќе видови работни панталони, кратки со прерамки и без,летни и зимски јакни, маици, кошули, флуоросцентни елеци и друга облека.
-Оваа опрема треба да ги задоволи потребите на вработените во ЈКП "Огражден"- Босилово за период од неколку години. Уште еднаш, изразувам голема благодарност до Дијаспора Петралинци - Швајцарија која повеќе пати донира во Општина Босилово, напиша во објавата градоначалникот Манчев.
Покрај оваа донација, Дијаспора Петралинци-Швајцарија донираше 10 компјутери и 83 училишни столчиња за Подрачното основно училиште во село Петралинци.рт/са/
Фото: Општина Босилово