• четврток, 26 декември 2024

Дебатаа „Што правиме со родово (не)сензитивното известување?“

Дебатаа „Што правиме со родово (не)сензитивното известување?“

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - Панел дискусија „Што правиме со родово (не)сензитивното известување?“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС).
 
Како што соопштија од ИКС, на настанот најавено е учество на Сашо Богдановски, раководител на Одделението за човекови права и медиумска писменост во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни уметности, вонреден проф. др. Марина Тунева, медиумски експерт, и Леунора Калиќи, претседателка на Советот за етика во медумите во Македонија.

ИКС го организира настанот во рамки на проектот „Мрежа за разновидност 2.0“, со цел да ја подигне јавната свест за важноста на одговорното и родово сензитивно известување на медиумите во земјава.бт/аа/

ФОТО/ МИА архива

Остани поврзан