Општина Ресен ја интезивира легализацијата на бесправно изградени објекти
- Општина Ресен ја интезивира постапката за легализација на бесправно изградени објекти која произлегува од Законот за постапување со бесправно изградени објекти чија важност изминува на 4 март 2026 година.
Ресен, 10 февруари 2026 (МИА) - Општина Ресен ја интезивира постапката за легализација на бесправно изградени објекти која произлегува од Законот за постапување со бесправно изградени објекти чија важност изминува на 4 март 2026 година.
Од Општина Ресен посочуваат дека граѓаните треба да ја искористат законската можност и логистичката поддршка на локалната самоуправа.
-Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски упати известување до сите граѓани кои како иматели на бесправни објекти кои се изградени на подрачјето на општина Ресен, имаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти или нивни делови согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, а за кои сеуште не е донесено Решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект поради некомплетност на барањето, истите треба да го дополнат со бараните докази и да ги достават во Општина Ресен, преку архивата на општината, бидејќи важноста на Законот за постапување со бесправно изградени објекти изминува заклучно 4 март оваа година, нагласија од Општина Ресен. мт/дма/
Фото: МИА