Општина Македонска Каменица изготви техничката документација за изградба на велосипедска патека на срт од Осоговските планини
- Постапката како што објави денес градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски е целосно е завршена постапката, опфакајки изработка на техничка документација за обележување и трасирање на велосипедската патека по сртот на нашите прекрасни Осоговски планини.
Македонска Каменица, 4 октомври 2024 (МИА) - Општина Македонска Каменица изготви техничката документација за изградба на велосипедска патека на сртот од Осоговските планини со типски планински објекти и промотивни електрични планински велосипеди.
Постапката како што објави денес градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски е целосно е завршена постапката, опфакајки изработка на техничка документација за обележување и трасирање на велосипедската патека по сртот на нашите прекрасни Осоговски планини.
-Станува збор за проектот „Од подобро искористување на природното и историското наследство до зголемена туристичка атрактивност на прекуграничната област“. Со рехабилитација и обележување на планинска велосипедска патека во должина од 26.102 метри, ќе ја подобриме туристичката понуда на Македонска Каменица и ќе создадеме атрактивна дестинација за сите љубители на природата и активниот одмор, стои во објавата на Атанасовски.
Проектот „Од подобро искористување на природното богатство и историското наследство до зголемена туристичка атрактивнист на прекуграничната област“. опфаќа повеќе сегменти. Во рамки на истиот предвидено е рехабилитација и обележување на велосипедската патека со информативни табли и патокази во должина од 26.102 метри, изградба на три заштитни куќарки за велосипедисти, набавка на пет електрични планинарски велосипеда за промотивни цели и изработка на дигитална платформа за промоција на проектот.
-Со развивањето на рекреативниот и спортскиот туризам, велосипедистите ќе имаат можност да уживаат во прекрасните природни пејзажи, а со тоа ќе се зголеми и бројот на посетители во нашата општина.
Проектот ќе придонесе за заштита на природните ресурси, животната средина и промоција на одржливиот туризам. Велосипедската патека ќе овозможи поврзување на најоддалечени рурални локални заедници, а ќе се овозможи и подобар пристап до природните богатства и културното наследство на Македонска Каменица, додаде Атанасовски.
Изрази уверување дека оваа инвестиција ќе придонесе за бројни позитивни ефекти за забрзан економски развој и поквалитетот на живот во заедницата, а со реализацијата на овој проект Македонска Каменица ќе биде стане поатрактивна дестинација за туризам и рекреација. вс/нд/
Фото: Општина Македонска Каменица