Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на Ченто
- Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов - Ченто.
Скопје, 17 август 2022 (МИА) - Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов - Ченто.
Од Општината ги повикуваат граѓаните вечер, во 18:15 часот, да присуствуваат во паркот Ченто, каде пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов - Ченто.
Покана до граѓаните упати и градоначалникот Бобан Стефковски, која е објава на неговиот фејсбук профил.
-Запишано е дека „Држава која нема својата историја, има народ без иднина“, а Македонија има долга и богата историја која имаме должност да ја негуваме. За таа цел Ве поканувам денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов - Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него, напиша Стефковски.
Како што е најавено, на настанот е потврдено присуството и на членови на семејството на Методија Андонов - Ченто.
Методија Андонов-Ченто (17 август 1902 — 24 јули 1957) е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. мд/са/