• понеделник, 29 јули 2024

ОН: Бројот на гладни луѓе во светот би можел двојно да се зголеми во 2020 година

ОН: Бројот на гладни луѓе во светот би можел двојно да се зголеми во 2020 година
Женева, 21 април 2020 (МИА) – Бројот на луѓе кои се соочуваат со акутната закана поврзана со обезбдување храна годинава би можел двојно да се зголеми на 265 милиони луѓе поради падот на економијата, предизвикан од пандемијата со Ковид-19, предупреди денека Светската програна за храна на Обединети нации. Се проценува дека поради изгубените приходи од туризмот, намалување на дознаките и патвањата, како и другите ограничувања воведени поради пандемијата со новиот коронавирус ќе има нови 130 милиони луѓе гладни оваа година, покрај 135 милиони лица, кои веќе спаѓаат во таа категорија. Ковид-19 е потенцијално фатален за милиони луѓе чија егзистенција веќе виси на конец, изјави главниот економист и директор за истражувања, проценка и надзор во Светската програма за храна при ОН, Ариф Хусеин. ми/

Остани поврзан