• среда, 25 декември 2024

Бројот на загинати од лизгање на земјиштето во Југоисточна Кина се искачи на 15

Бројот на загинати од лизгање на земјиштето во Југоисточна Кина се искачи на 15

Пекинг, 28 јули 2024 (МИА) - Бројот на загинати од лизгање на земјиште во Југоисточна Кина се искачи на 15, а шест лица се повредени, јави кинеската централна телевизија.

Во акциите за пребарување се вклучени околу 700 спасувачи.

Свлечиштето во провинцијата Хунан беше резултат на поројните дождови на тајфунот Геми. Лошото време создаде хаос и во другите делови на земјата.

Во провинцијата Џилин на североистокот на земјата се евакуирани 27.000 луѓе. Во провинцијата Фуџиан, околу 300.000 жители се сместени во привремени засолништа.

Тајфунот предизвика значителна штета и однесе животи на Филипините и Тајван. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан