• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку 19 лица загинаа во Етиопија откако чамец се преврте во реката Текезе

Најмалку 19 лица загинаа во Етиопија откако чамец се преврте во реката Текезе

Адис Абеба, 28 јули 2024 (МИА) - Најмалку 19 лица загинаа во Етиопија откако чамец се преврте на реката Текезе во северозападниот дел на земјата, јавија денеска државните медиуми.

Несреќата се случила вчера во регионот Амхара додека група луѓе ја преминувале реката Текезе, која е дел од границата меѓу Етиопија и Еритреја, објави државната Етиопска новинска агенција (ЕПА).

Во моментот на несреќата во чамецот имало најмалку 26 лица. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан