• недела, 24 ноември 2024

Макрон: Франција е целосно посветена да се избегне нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток

Макрон: Франција е целосно посветена да се избегне нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток

Париз, 28 јули 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон го уверил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Париз е целосно ангажиран на избегнување нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток.

Двајцата лидери разговарале телефонски, соопшти Елисејската палата.

Макрон се заложи да пренесе пораки до сите страни во конфликтот, по ракетниот напад на село во Голанската висорамнина, во кој вчера беа убиени 12 деца и млади. Израел го припиша нападот на Хезболах, за кој тој негира дека е одговорен. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан