Одбележување на Меѓународниот ден на бегалците - 20 јуни
- Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на бегалците - 20 јуни.
Скопје, 24 јуни 2024 (MIA) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на бегалците - 20 јуни.
Воведни обраќања по тој повод, како што најави собраниската прес-служба, ќе имаат претседателот на Собранието Африм Гаши, евроамбасадорот Дејвид Гир, постојаната координаторка на ООН во Северна Македонија Росана Дуџак, претставникот на УНХЦР во државава, Габриел Гуалано де Годој, како и пратеничката Соња Мираковска. дма/
Фото: МИА архива