• четврток, 26 декември 2024

Објавен јавен конкурс за изработка на проект за изведба на трим-патека во Аеродром 

Објавен јавен конкурс за изработка на проект за изведба на трим-патека во Аеродром 

Скопје, 25 март 2021 (МИА)- Општина Аеродром објави јавен повик за изработка на проект за изведба на трим-патека со хортикултурно и партерно уредување во непосредба близина на поранешната слаткарница „Стела“. 

Како што информираат од општината патеката треба да биде со должина од 550 метри и широчина од 2,7 метри, да има две чешми како и соодветно осветлување. 

-Понудите треба да се достават преку електронскиот систем е - урбанизам во рок од 15 календарски дена од денот на објавувањето на јавниот повик, стои во соопштението. свс/ац/

Остани поврзан