• среда, 13 ноември 2024

Нов Зеланд соопшти дека е блиску до потпишување нов договор за соработка со НАТО

Нов Зеланд соопшти дека е блиску до потпишување нов договор за соработка со НАТО

Брисел, 5 април 2024 (МИА) - Владата на Нов Зеланд денеска соопшти дека е блиску до потпишување нов договор за соработка со НАТО.

Западните агенции наведуваат дека тоа се случува во време кога јужнопацифичката земја ја преиспитува својата одбранбена политика во услови на зголемени тензии во азиско-пацифичкиот регион.

Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, на крајот од дводневната посета на седиштето на НАТО во Брисел изјави дека „во следните месеци“ ќе биде усвоена „партнерска програма“ со Алијансата. Откако централнодесничарската коалиција дојде на власт во октомври минатата година, Нов Зеланд се обиде да ги зајакне односите со своите традиционални западни сојузници.

„Коалициската влада јасно ја истакна важноста што ја дава на работата со традиционалните партнери на Нов Зеланд, а НАТО е неразделен дел од нив“, рече Питерс. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан