• недела, 24 ноември 2024

Ненасилна комуникација во спорт предуслов за поголеми спортски резултати

Ненасилна комуникација во спорт предуслов за поголеми спортски резултати
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Претставници на спортскиот сектор од нашата држава деновиве во Македонскиот олимписки комитет се обучуваат за ненасилна комуникација во спорт што придонесува кон поголеми спортски резултати и социјални придобивки за сите. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, во своите воведни обраќања од обуката истакна дека ова е тема која што е прилично важна и чувствителна. - Ова е релативно нова тема за нас, која е прилично важна и чувствителна, бидејќи се работи за нешто што сите ние го чувствуваме долги години, а тоа е како да комуницираме во рамките на нашите организации со играчите, играчите со тренерот, родителите со тренерот и играчите, и сите помеѓу нас, нешто што навистина ни треба, рече тој. Димевски посочи познавањето на ненасилната комуникација во спорот е важна, но и непозната појава. - Ова е многу важно, а исто толку луѓе не знаат колку е важно, особено оние кои што работат со деца и на кои, тоа, исто така им е и бизнис. Меѓу другото претставува основа за тоа како да научат да комуницираат меѓу себе, како да комуницираат со родител, како да го направат родителот партнер во приказната, а не противник и на крајот, да извадиме производ кој што се вика квалитетен спортист, посочи тој. Силвија Митевска, извршен директор на Спорт Социјални решенија, истакна дека оваа тема за првпат се споменува во нашето општество. - Ова е нешто што е многу важно и е нешто кое што изостанува во секојдневниот живот на сите нас, приватен, како и професионален живот. Ненасилната комуникација не значи дека насилството е само физичко. Можеме да бидеме насилни со нашата комуникација или во некоја конверзација. Треба да разбереме колку е некогаш тешко да се има значајни и тешки разговори кои што некогаш треба да го имаме со шефот, партнерот, колегата, тренерот, родителот и слично, рече таа, дополнувајќи дека во нашето општество често имаме конфликти бидејќи не комуницираме доволно. Обуката ја спроведува Дијана Бонар, директорка на „Мировен тек“ од Бразил и експерт за Ненасилна комуникација. - Ненасилната комуникација функционира во нова димензија која вклучува емпатија, разбирање, сочувство и прифаќање на другата личност, рече таа. Бонер е меѓународен признат експерт со повеќе од 13 години искуство во мировни пристапи во различни заедници. Таа има големо искуство во област на организациски развој, спортови за развој, корпоративна обука, посредување во конфликти и ненасилна комуникација. Познато е дека спортот е многу динамичен и атрактивен и го практикуваат безброј млади луѓе кои вложуваат многу енергија, време и страст за постигнување одредени цели. Тој носи многу предизвици на и надвор од теренот, а спортистите може да имаат конфликти со нивните тренери или други членови на персоналот. За да се реши ова, експертите велат дека е потребна директна и искрена комуникација меѓу сите засегнати и дека подобрената комуникација позитивно ќе влијае и на односот помеѓу тренерот и спортистот кои придонесуваат за постигнување поголеми спортски резултати и социјални придобивки за сите учесници во спортот. ар/сп/

Остани поврзан