• сабота, 23 ноември 2024

На Денот на бранителите Зеленски вети победа на Украина во војната со Русија

На Денот на бранителите Зеленски вети победа на Украина во војната со Русија
Киев, 14 октомври 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, на Денот на бранителите на Украина, вети дека вооружените сили на неговата земја ќе победат во војната со Русија и Украина ќе биде слободна, јавија дел од британските медиуми. Преку видеообраќање, Зеленски им се заблагодари на украинските војници што ја бранат татковината. Тој истакна дека сè што ѝ било одземено на Украина, ќе биде вратено и ниту еден војник нема да биде оставен во заробеништво. - Се чини дека сегашниот непријател е колективна слика на сите непријатели на нашата државност, со кои сме се сретнале во минатото, нагласи Зеленски. Според него, со победата над непријателот ќе им се даде одговор на сите кои упаднале на нивната земја. - Тоа ќе биде победа за целиот наш народ. Тоа ќе биде победа за вооружените сили на Украина, подвлече Зеленски. бд/сд/

Остани поврзан