• сабота, 23 ноември 2024

САД отвораат ракетна база во Полска

САД отвораат ракетна база во Полска

Варшава, 13 ноември 2024 (МИА) – САД денеска официјално отвораат нова база за противракетна одбрана во северна Полска во услови кога Варшава се обидува да ги увери своите граѓани дека НАТО ја гарантира нивната безбедност.

Стравувањата за безбедноста наводно пораснале по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Сместена во градот Реџиково на балтичкиот брег на земјата, базата е изградена од почетокот на векот, а Варшава вели дека ја симболизира силата на нејзиниот воен сојуз со Вашингтон, без разлика кој е во Белата куќа.

- Потребно беше време, но локацијата ја докажува геостратешката определба на САД, напиша Синоќа на Х полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски.

- Полско-американскиот сојуз е силен, без разлика кој е на власт во Вашингтон и Варшава, додаде тој.

Конзервативниот полски претседател Анджеј Дуда, кој ги истакна добрите односи со Трамп, ќе присуствува на денешната церемонија за отворање на базата. јт/

Фото: Х

Остани поврзан