25 август 2024 (МИА)
1270.- Умрел францускиот крал Луј Деветти, кој во текот на владеењето од 1226 успеал значително да ја зајакне ослабената кралска власт. Ги предводел Шестата и Седмата крстоносна војна.
1530.- Роден е Иван Четврти Василевич - Грозни, руски цар, приврзаник на автократизмот и на јакнењето на царското самодржавие. Концентрирајќи ја во свои раце целата власт, настојувал со сите средства да ги уништи болјарите, а кметовите што поцврсто да ги врзе за земјата. Наречен бил „Грозни“ поради грубоста во остварувањето на своите планови. Во настап на бес го убил и својот син. Умрел во Санкт Петербург, на 18 март 1584 година.
1718.- Француските доселеници во Америка во Луизијана го основале градот Њу Ореланс, наречен во чест на францускиот војвода од Орлеан.
1744.- Роден е германскиот писател, историчар, филозоф и протестантски теолог Јохан Готфрид фон Хердер.
1776.- Умрел шкотскиот филозоф, економист и историчар Дејвид Хјум. Дела: „Расправа за човечката природа“, „Политички расправи“, „Истражување на принципите на моралот“, „Историја на Англија“, „Мојот живот“.
1819.- Во Витфилд умре Џемјс Ват, шкотски научник и пронаоѓач, конструктор на првата ефикасна парна машина (ја патентирал во 1769). Заедно со Метју Бултон во 1782 година во Сан, кај Бирминген, основал прва фабрика за парни машини во светот. Во знак на признание на овој голем научник единицата за моќ во физиката е наречена „ват“. Роден бил во Гринок, Шкотска, на 19 јануари 1736 година.
1819.- Роден е американскиот детектив од шкотско потекло Ален Пинкертон, кој во 1850 година ја основал Националната детективска организација „Пинкертон“.
1822.- Умрел англискиот астроном од германско потекло Вилијам Хершел, кој во 1781 година ја открил планетата Уран со што станал член, а потоа и претседател на Лондонското кралско друштво. Тој открил и два од петте Уранови и два Сатурнови сателита.
1825.- Република Уругвај добила независност. Била шпанска колонија од 1527 година.
1867.- Умрел британскиот научник, физичар и хемичар Мајкл Фарадеј. Во Лондон во 1831 година открил дека електрицитетот може да се создава од магнет.
1841.- Роден е швајцарскиот хрирург Емил Теодор Кохер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1909 година. Ја испитувал функцијата на штитната жлезда и значително придонесол за равојот на современата хирургија.
1875.- Капетанот Метју Веб станал првиот човек кој го препливал каналот Ла Манш.
1897.- Во атарот на селото Дедино, Радовишко, раководителот на револуционерната организација од Радовиш, учителот Тодор Станков, заедно со селската полиција убиле двајца Турци колџии, а главаторот на колџиите, злогласниот Агато, ранет успеал да избега и да ги извести властите. Уште истиот ден Дедино било блокирано од Турците, а селаните биле подложени на мачење. Биле затворени 123 селани од Дедино и четворица од селото Ињево и однесени во скопскиот затвор „Куршумли-ан“, каде што биле испитувани и осудени заедно со затворениците од „Виничката афера“. Овој настан е познат како „Дединска афера“.
1900.- Умрел Фридрих Ниче, германски филозоф, професор по класична филологија. Неговите дела имаат повеќе поетски отколку научен карактер, па кон почетокот на 20. век влијаел врз поетското творештво во повеќе европски земји. Негови најзначајни дела се „Така говореше Заратустра“, „Волја за моќ“, „Од онаа страна на доброто и злото“ и „Човечко, премногу човечко“. Роден бил на 15 октомври 1844 година.
1903.- Во градчето Невеска, нахиски (општински) центар во Леринска околија, здружените лерински и костурски востаници со силен налет го разбиле османлискиот гарнизон од 250 војници и го ослободиле градчето. Притоа, тие ја уништија телефонската станица, го истакнале востаничкото знаме и заплениле 40 пушки. Истиот ден во Невеска била воспоставена народна управа. Меѓутоа, по неколку денови градчето било реокупирано од османлиската власт. Ослободувањето на Невеска е еден од најзначајните настани во времето на Илинденското востание.
1921.- САД со поразената Германија потпишале мировен договор со што завршила воената состојба меѓу двете држави во Првата светска војна.
1930.- Роден е шкотскиот филмски актер Шон Конери. Филмови: „Д-р Но“, „Голдфингер“, „Операција гром“, „Од Русија, со љубов“, „Дијамантите се вечни“, „Никогаш не вели никогаш“.
1936. – Во Штип е роден Михаил Ренџов – македонски поет, прозаист и преведувач. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија. Дел од неговото обемно поетско творештво се и книгите „Иселеник на огинот“, „Страв“, „Полноќ“, „Аутодафе“, „Вечната.Бесконечната“, „Јас оксиморон“, „Псалми“, „Издишки“, „Јас. Елегии“, како и книгата раскази „Раскази за Захариј“. За своето поетско дело е носител на врвни македонски и меѓународни книжевни награди – „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“ , „Григор Прличев“, „Grand prix international – Romania“, „Златно перо“, Македонска номинација за наградата Балканика, „ Рациново признание“, и наградата за поема „Григор Прличев“.
1983.- Во Скопје умрел Насте Стојковски, директор на НИО „Студентски збор“, општествено-политички работник и новинар. Роден бил во селото Мраморец, Охридско, на 10 јули 1932 година.
1988.- Иран и Ирак во Женева започнале преговори без посредник за ставање крај на осумгодишната војна меѓу двете соседни земји. Војната завршила без јасен победник.
1989.- По 12 години и шест милијарди поминати километри, американскиот вселенски брод без човечки екипаж „Војаџер 2“ стасал до планетата Нептун и нејзиниот сателит Тритон од каде на Земјата испратил снимки од овие небески тела.
1990.- Советот за безбедност на Обединетите нации одобрил воена акција против Ирак кој извршил напад врз Кувајт.
1991.- Белорусија ја објавила независноста од Советскиот Сојуз.
1994.- Во Струга, ноќта на 25 спроти 26 август, умрел Владимир Петрович Бурич, светски познатиот руски поет и мислител, учесник на Струшките вечери на поезијата. Роден бил во Харков, Украина, во 1932 година.
1995.- Штип го зафатило катастрофално невреме проследено со дожд и со град, при што четири лица го загубиле животот од удар на гром.
2003.- Во Бомбај, финансиската престолнина на Индија, во терористичките напади со автомобили-бомби убиени биле најмалку 52 лица.
2007.- Грчката влада прогласила вонредна состојба во целата земја поради големиот број пожари. Во пожарите изгореле 184.000 хектари шума, а згинале 50 луѓе.
2015.- Наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности го прогласил Мето Јовановски, легендарното име на македонскиот театар и филм, за Doctor Honoris Causa поради неговиот уметнички опус, големиот број на национални и интернационални признанија, кои го издигнуваат на врвот на македонската култура. Мето Јовановски ќе се вбројува во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран и други.
2016.- Во Париз на 86-годишна возраст починала големата модна дизајнерка Соња Рикијел. За својата служба во француската модна индустрија, во траење од 40 години, Соња Рикијел во 2009 година била одликувана со орденот Легија на честа.
2018.- На 67-годишна возраст, од струен удар во скопското село Орешани, почина доајенот на македонското глумиште Ванчо Петрушевски. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во 1975 година. Оттогаш како актер работи во Драмскиот театар во Скопје, сè до неговото пензионирање во 2017-та година. Ванчо Петрушевски беше активен на повеќе полиња и надвор од театарот, како водител на кулинарско шоу, снимаше филмови, а негова пасија беше и сликарството. Тој е еден од творците на серијата Македонски народни приказни. Многу генерации го препознаваат по ликот на Рамче. Воедно е и еден од првите Македонци кои настапиле во странски филм. Кај нас го снимил филмот Досие КА по негово сценарио и продуцентство, а истовремено ја толкувал и главната улога. Селективниот репертоар на сцената на Драмскиот театар во кој настапува, покрај многу други, се: Ослободувањето на Скопје, Солунски патрдии, Панургиј, Чудото на свети Ѓорѓија, Сомнително лице, Мачорот Мики Траси и Џингин Кан, Полнета птица, Дупло дно, Коприварник, Ноќ спроти Водици, Собирен центар, Чија си, Женски оркестар, Грев или шприцер, Харем, Маратонците го трчаат почесниот круг, Зоолошка приказна, Сега му е мајката, Вујко Вања, Словенскиот ковчег, Платонов, Земјомерот, Сонот на летната ноќ, Тетовирани души, Марисол, Хамлет од Долно Гаштани, Македонски рулет, Лебедова песна, Баал, Живот во тесни чевли, Буре барут, Атена со пенис од Александар Русјаков, режисер Синиша Евтимов. Ванчо Петрушевски настапувал на сцените на Македонскиот народен театар, народните театри во Штип и Велес... Добитник е наградите „Димче Трајковски“ за улогата Јаков во претставата „Дупло дно“ (1985 година за актерско остварување на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Јанко во претставата „Собирен центар“ (1989 год.). Во 1987 година, Ванчо Петрушевски го доби признанието за најпопуларно ТВ лице на годината според гласовите на читателите на весникот „Вечер“, а во 1988 година, според анкетата на ревијата „Екран“ е добитник на наградата „Најдобро артистичко остварување во филмот и на телевизијата. Петрушевски е роден на 19 април 1951 година, во Скопје.
###