• сабота, 09 ноември 2024

На ГП „Богородица“ и „Табановце“ се чека од 30 до 45 миниути

На ГП „Богородица“ и „Табановце“ се чека од 30 до 45 миниути
Скопје, 25 јули 2021 (МИА) - На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ задржувањето за влез и излез од државата е од 30 до 45 миниути, со можност за зголемување во наредните часови. Како што информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/дма/

Остани поврзан