• петок, 18 октомври 2024

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан и Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, и двата во второ читање.

Членовите на Законодавно правната комисија ќе расправаат по Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, двата во второ читање и Предлог на Законот за дополнување на Законот за домување во прво читање.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан