• четврток, 26 декември 2024

Остин: За бидеме безбедни мора да ги зајакнеме одбраната и одвраќањето 

Остин: За бидеме безбедни мора да ги зајакнеме одбраната и одвраќањето 

Брисел, 17 октомври 2024 (МИА) - Нашиот фокус е насочен кон заштита на територијата и луѓето на секоја земја од НАТО и за таа цел мора да работиме заедно на зајакнување на одбраната и одвраќањето, порача денеска од Брисел американскиот државен секретар Лојд Остин пред почетокот на заседанието во Северноатлантскиот совет на ниво на министри на одбрана, на кое присуствува и македонскиот министер Владо Мисајловски.

- Ќе имаме можност да разговараме за реализација на визијата поставена на јулскиот Самит на НАТО во Вашингтон, изјави Остин.  

Тој потсети дека на Советот присуствуваат и министрите за одбрана од партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион - Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, кои со нивните колеги од Алијансата ќе разговараат за заедничките одбранбени напори. 

- Во продолжени ќе дискутираме за тоа што треба да направиме за да обезбедиме дополнителна помош за Украина. Со нетрпение очекувам за тоа да разговараме со (украинскиот) министер Умеров, кој ќе присуствува на таа дискусија. Мислам дека ова ќе биде важно заседание, додаде Остин. 

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте додаде дека покрај министрите од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион, на министерскиот состанок присуствуваат и претставници на Европската Унија. 

- На светот не можеме да гледаме само како на ЕУ, како на евроатлантскиот регион или само на индо-пацифичкиот регион, бидејќи тие се поврзани и има многу закани и предизвици со кои мора да се соочиме заедно, додаде Руте. 

Тој истакна дека ако некоја членка на НАТО од првиот ден на руската агресија врз Украина и испорачуваа помош на земјата за да може да се бори, тоа секако се САД. Руте додаде дека токму затоа сака да му оддаде признание на Остин за неговото лично лидерство во здружувањето на повеќе земји за обезбедувањето поддршка за Украина. 

- Од самите Украинци знам колку им е тоа важно од првиот ден, за да бидат сигурни и психолошки, но и реално, да почувствуваат дека не се сами, рече Руте 

Тој нагласи дека сите се свесени оти средствата што сега земјите членки на НАТО ги трошат за одбраната не се доволни и најави дека во текот на утрешното заседание на Северноатлантскиот совет, но и на следните состаноци на сојузниците ќе се разговара и за зголемување на одбранбените трошоци. 

- Сите знаеме дека ако сакаме да биде подготвени долгорочно, мораме да ги зголемите средства и трошоците (за одбраната), истакна Руте, притоа уште еднаш заблагодарувајќи ми се на Остин, за тоа што, како што рече, САД се доверлив сојузник и што „го бранат овој дел од Европа“. сп/

Фото: НАТО

Остани поврзан