• среда, 25 декември 2024

Втор ден од министерскиот состанок на НАТО на кој учествува и министерот за одбрана Мисајловски 

Втор ден од министерскиот состанок на НАТО на кој учествува и министерот за одбрана Мисајловски 

Брисел, 18 октомври 2024 (МИА) – Во Брисел денеска продолжува дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кој учествува и македонскиот ресорен министер Владо Мисајловски. 

На денешното продолжение на министерската средба е предвидено одржување на заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, на кој ќе се говори за зајакнувањето на одбраната и отпорноста на НАТО, за одбранбените трошоци и за состојбите на Западниот Балкан. 

Вчера на првиот ден од средбата беа одржани министерски состанок на членките кои придонесуваат за зајакнување на Глобалната коалиција за пораз на групата Исламска држава (Д-ИСИС), како и средба на министрите за одбрана на НАТО со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион - Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд на која се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите. Дополнително, во форма на работна вечера се одржа и заседание на Советот за соработка НАТО-Украина, на кое присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров. 

НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници.

На заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте пред одржувањето на Советот за соработка, Зеленски порача дека упатувањето покана до Украина за приклучување кон Алиансата, ќе ја зајакне земјата политички и она што е уште поважно, ќе ја донесе до реален и праведен мир.  

- Украина постигна нешто што до неодамна се чинеше невозможно – успеа да го запре рускиот масовен напад и да се одбрани од инвазијата. Останавме обединети и ја зајакнавме нашата одбранбена способност, истакна Зеленски.  

Тој се заблагодари за досега пружената поддршка за неговата земја, од која, како што рече, зависат животите на украинските војници на теренот, нагласувајќи дека заедно со своите партнери, Украина знае како да ги постигне своите цели. 

Според Зеленски, Украина еден ден сака да стане членка на НАТО и мора да се направи се за тоа да се случи, затоа што би било погрешно земјата да се остави надвор од Алијансата каде што и е местото.  

- Затоа една од главните точки во Планот за победа е покана за членство во НАТО. Ние Украинците покажавме дека можеме да се браниме, да споделуваме вредности и да се спротивставиме на Русија – најголемата закана за Европа и глобалниот мир, рече Зеленски.  

Руте, од своја страна, истакна дека со нетрпение го очекува денот кога Украина ќе стане членка на НАТО, а дотогаш Алијансата ќе стори се што е во нејзина моќ со цела земјата да надвладее на теренот, што, според него, е од витално значење за заедничката безбедност.  

- НАТО работи со Украина, доведувајќи ја се поблиску до Алијансата, но работиме и со останатите наши партнери за да ја зајакнеме безбедноста на сите нас, додаде Руте, потсетувајќи дека министрите денеска одржаа заеднички состанок со колегите од азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд и со претставници на ЕУ посветен на зајакнување на соработката во заедничките одбранбени напори.   

Според него, војната во Украина покажа дека нестабилноста во Европа, има далекусежни последици ширум светот и дека земји кои се илјадници километри далеку, како Иран, Кина, дури и Северна Кореја можат да бидат „безбедносни потпкопувачи во нашиот двор“.   

- Затоа мораме да направиме јасна проценка на предизвиците со кои се соочуваме и да работиме со нашите партнери за справување со тие предизвици и за одбрана на нашите заеднички вредности, потенцира Руте, додавајќи дека од тие причини и ЕУ и партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион ја поддржуваат Украина, одбраната на демократијата и изградбата на свет базиран на владеењето на правото, а не на владеење на силата.  

Руте порача и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што ќе биде потребно, што е порака и до рускиот претседател Владимир Путин дека поддршката за земјата ќе трае се додека не се создадат услови за мировни преговори со Русија. 

- Може да бидете апсолутно сигурни дека сите 32 сојузници се обединети во ставот дека заедно ќе направат се, Украина да надвладее на теренот и Путин да не го добие тоа што го сака, истакна Руте.  

Претходно, при пристигнувањето на министерскиот состанок, Руте истакна дека мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан, во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, додавајќи дека токму затоа Алијансата ќе стори се и ја изразува својата поддршка за регионот. 

Duhet të jemi të vetëdishëm për gjendjen në Ballkanin Perëndimor në kushtet kur dialogu Prishtinë - Beograd e cila udhëhiqet me ndërmjetësimin e BE-së nuk po shkon ashtu siç do të donim dhe k

Тој нагласи и дека сите се свесени оти средствата што сега земјите членки на НАТО ги трошат за одбраната не се доволни и најави дека во текот на денешното заседание на Северноатлантскиот совет, но и на следните состаноци на сојузниците, ќе се разговара и за зголемување на одбранбените трошоци.  

- Сите знаеме дека ако сакаме да биде подготвени долгорочно, мораме да ги зголемите средства и трошоците (за одбраната), истакна Руте.  

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, пак, порача дека фокусот на НАТО е насочен кон заштита на територијата и луѓето на секоја земја од Пактот и за таа цел сите сојузници мора да работат заедно на зајакнување на одбраната и одвраќањето, 

- Денешното стратешко опкружување е многу поразлично од она во 2014 година (кога беше формирана Д-ИСИС). ИД остана фокусирана на нас, но справувањето со заканата од ИД и останатите терористички групи сега се само едно од нашите стратешките предизвици, меѓу кои најголеми се малтретирањата од страна на Народна Република Кина и непромислена инвазија на Русија врз Украина, рече Остин.  

Сепак, според него, и покрај променетите околности од фокусот не смее да се изостави опасноста што се уште ја претставува ИД, па затоа мора да продолжат координираните напори за справување со оваа терористичка група каде и да се појави во светот.  

Остин нагласи и дека од борбата против ИД и идеологиите што доведоа до нејзиното создавање, светот научи три лекции, од кои три се клучни за справување со тероризмот – дека мора да се биде досетлив и решителен, дека најголемата сила доаѓа од колективниот одговор на заканите и дека е потребно прилагодување на борбените стратегии. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан