• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Британскиот министер за надворешни работи го повика Путин на целосен и безусловен прекин на огнот

Британскиот министер за надворешни работи го повика Путин на целосен и безусловен прекин на огнот

Лондон, 28 март 2025 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин веднаш да се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот, што тој го нарече прв чекор кон праведен и траен мир.

„Русија продолжува да ја напаѓа Украина, и покрај преговорите за прекин на огнот. Во нападите се убиени и повредени цивили, а има и извештаи за оштетување на енергетската инфраструктура“, напиша Лами на својот профил на мрежата Икс.

Британскиот амбасадор во Украина Мартин Харис претходно денеска изјави дека Украина демонстрира подготвеност за целосен прекин на огнот, додека Русија го одложува процесот.

„Украина ја демонстрира својата подготвеност за безусловен и целосен прекин на огнот. Сега топката е на теренот на Русија, Русија мора практично и реално да покаже дали е сериозна по прашањето за мирот“, нагласи Харис.

На преговорите во Саудиска Арабија на 11 март, Украина изрази подготвеност да го прифати предлогот на Соединетите Американски Држави веднаш да воведе привремен прекин на огнот од 30 дена, под услов тоа истовремено да го спроведе и руската страна. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан