• вторник, 08 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Напад со нож врз деканката на Филозофскиот факултет во Ниш

Напад со нож врз деканката на Филозофскиот факултет во Ниш

Белград, 30 март 2025 (МИА) - Деканката на филозофскиот факултет во Ниш денеска беше повредена во напад на жена со нож и итно префрлена во Ургентниот центар, јави дописникот на МИА.
Инцидентот се случил за време на собир на студенти и други граѓани пред протест закажан за напладне во тој град.

Засега непозната жена извадила нож и ја повредила во раката додека деканката Наталија Јовановиќ се обидела да се одбрани. Жената која нападнала упатила навреди кон деканката и и рекла дека „ја заведела ќерка си да им се придружи на студентите“.

Присутните студенти брзо ја совладале жената. зш/

Остани поврзан