Израелска армија: Убиството на 15 хуманитарни работници во Газа било поради чувство на закана, ќе се спроведе подлабока истрага
- Првичната истрага за убиството на 15 хуманитарни работници во јужниот дел на Појасот Газа минатиот месец покажала дека инцидентот се случил „поради чувство на закана“, но ќе следува подлабоко и подетално истражување, соопшти денеска израелската армија.

Тел Авив, 7 април 2025 (МИА) - Првичната истрага за убиството на 15 хуманитарни работници во јужниот дел на Појасот Газа минатиот месец покажала дека инцидентот се случил „поради чувство на закана“, но ќе следува подлабоко и подетално истражување, соопшти денеска израелската армија.
Во соопштението на војската се наведува дека за време на инцидентот биле идентификувани шест борци на Хамас во близина на местото на настанот.
Началникот на Генералштабот на израелските вооружени сили, Ејал Замир, наредил „поопсежна и детална истрага во наредните денови“ за пукањето што се случи на 23 март, кога израелски војници отвориле оган врз амбулантни возила во јужна Газа, се додава во соопштението на армијата. ссм/
фото: архива/илустрација