• сабота, 23 ноември 2024

Надвор од функција РЕК Битола, заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО

Надвор од функција РЕК Битола, заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО, надвор од функција е РЕК Битола, соопштија од службата за односи со јавност од Подржницата на Рударско - енергетскиот комбинат „Битола“ при АД ЕСМ.

-Околу 15:45 часот дојде до прекин на напојувањето, по што од мрежа испадна Блок 1 на РЕК Битола. Прекинати се и пуштачките операции на Блок 3 кои беа во тек, а по чие завршување во функција требаше да биде ставен и овој блок, се наведува во сооптението.

Стручни лица од РЕК Битола веќе работат на надминување на состојбата и ставање на комбинатот во функција. вг/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан