• среда, 09 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мурињо размислува да го тужи Галатасарај

Мурињо размислува да го тужи Галатасарај

Истанбул, 26 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо има намера да го тужи Галатасарај, јавува Би-Би-Си.

Двата тима одиграа нерешено (0:0) во натпревар од 25. коло на турскиот шампионат. По натпреварот, Мурињо го критикуваше однесувањето на играчите и стручниот штаб на Галатасарај, велејќи дека тие „скокаат како мајмуни“ на клупата за резерви.

Галатасарај зборовите на Мурињо ги нарече расистички и непочитување кон турскиот народ и вети дека ќе се обрати на судот, ФИФА и УЕФА.

Португалскиот стручњак бил многу лут и размислува да поднесе противтужба, пренесе Би-Би-Си, повикувајќи се на извори блиски до тренерот. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан