• сабота, 09 ноември 2024

Мицкоски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Мицкоски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.

Во честитката, Мицкоски наведува дека децениското заедништво и взаемното почитување се темелите врз кои може и треба да се гради напредокот.

– Тие се дел од нашето општество и заедничката традиција градена со години. Заедништвото низ децениите покажува дека взаемното почитување и изградбата на меѓусебна доверба се темелите врз кој може и треба да се гради напредокот. Заедно минуваме низ турбулентни времиња и предизвици, но и заедно можеме да победиме за да донесеме подобра иднина.Свесен сум за тешкиот живот, многуте наследени проблеми и за реалните потреби на луѓето и тие се заеднички за сите граѓани, но ве уверувам дека сплотени и со напорна работа, посветено можеме и ќе ја надминеме секоја пречка. Заедно да се избориме за иднина каква сите граѓани заслужуваат. Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците!, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил. ра/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан