Мицкоски во посета на струшкото село Ташмаруништа
- Премиерот Христијан Мицкоски, денеска по повод Илинден го посети струшкото село Ташмаруништа, во кое, како што објави на својот Фејсбук профил, редовно го одбележувал денешниот празник додека бил лидер на опозицијата.
Скопје, 2 август 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, денеска по повод Илинден го посети струшкото село Ташмаруништа, во кое, како што објави на својот Фејсбук профил, редовно го одбележувал денешниот празник додека бил лидер на опозицијата.
– Како лидер на опозицијата, Илинден го одбележував во Струшко, Ташмаруништа. А сега кога ја имам честа и обврската да ја предводам Владата и покрај набиената агенда, најдов време и го посетив ова прекрасно место со срдечни луѓе кои го слават споменот за илинденската битка. Илинден е непокор и вечна борба за слобода, правдини, сега преточена во стремеж и битка за иднина каква заслужува Македонија, наведува Мицкоски во објавата. ра/вг/
Фото: Христијан Мицкоски / фејсбук профил