Министерот Спасовски во Букурешт ќе учествува на 23. Состанок на Комитетот на Министри на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ
- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од денеска до задутре предводи делегација од МВР во Букурешт, каде што ќе учествува на 23. Состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа на тема „Спречување на криумчарење мигранти и влијанието на војната во Украина врз полициската соработка“.
Скопје, 20 јуни 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од денеска до задутре предводи делегација од МВР во Букурешт, каде што ќе учествува на 23. Состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа на тема „Спречување на криумчарење мигранти и влијанието на војната во Украина врз полициската соработка“.
Спасовски, како што информира МВР, за време на работниот престој во Букурешт ќе оствари неколку билатерални средби, меѓу кои со претставникот на Генералниот директорат на Европската Комисија за информатика (DG Digit), Софи Девлешувер, со вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Романија, Марјан-Каталина Предоју, како и со генералниот директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), Огуз Серкан Акин. ац/