• сабота, 09 ноември 2024
МИА Флеш

20 септември 2024

- Со благослов на Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, свештеномонасите Агатон, Атанасиј и Иринеј од Скопската епархија, од 18 до 20 септември 2024 година престојуваа во светогорскиот манастир Хиландар, со цел да ја преземат Богородичната икона „Троеручица”, која треба да пристигне во Скопје.

- Заедно со нив се и Драган Сарески-Андрески, Бобан Богдановски-Андрески и Милчо Велков од Скопје, соопштија од Скопската епархина на МПЦ-ОА.

- Прво треба да добиеме информација во каква состојба се модуларните болници, па потоа ќе видиме дали некои од нив може повторно да се стават во употреба не само кај одредени јавни здравствени институции, туку и кај која било друга администрација, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рентген апарат, Таравари потврди дека за модуларната болница од Инфективната клиника има интерес од затворот „Идризово“.

– Во тек е судењето во Основниот кривичен суд Скопје за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Во Кривичен присутни се обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, по одлуката на Судечкиот совет за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција. 

- Не знам дали е непотизам, но не може да му забраниме на директорот да земе советник со кој мисли дека подобро ќе ја раководи Клиниката, особено ако се работи за човек со искуство во добро владеење и добро раководење на здравствена установа, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари во врска со ангажирањето на Алајдин Мемеди како консултант на Клиниката за детски болести каде директор е Реџеп Мемеди.

Според Таравари, резултатите покажуваат дека Алајдин Мемеди е еден од најсупешните директори кој раководел со некоја здравствена установа, а ако е предвидено со систематизација, директорите може да земат советници.

 - Сметам дека тонот кој го користи Република Северна Македонија нема да и помогне да стане членка на Европската Унија, изјави денеска во Софија бугарскиот технички премиер Димитар Главчев. 

-Бугарија е предвидлив партнер, лојален на ЕУ. Нема со што да ги изненадивме останатите земји-членки. Го поддржуваме проширувањето и европските перспективи на земјите од Западен Балкан. Доволно компромиси направивме со националниот идентитет. Република Северна Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ, изјави Главчев.

- Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд за „балансерот“, законското решение ќе почека додека нема конечна одлука, изјави денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ која се одржа во Куманово. Тој потенцираше дека лично ја поздравува одлуката на Уставниот суд и повтори дека „балансерот“ со години се злоупотребувал.

- Вчера Уставниот суд донесе времена мерка со којашто се стопираат одредени одредби или членови токму од овие закони општо се предмет на дебата тоа се законите за вработените во јавниот сектор и законот за административните службеници. Во принцип Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд, затоа што таа е извршна и се спроведува. Ако ме прашате за мој личен став јас досега кажав дека „балансерот“ како една од тие одредби коишто со времената мерка се стопираат мислам дека „балансерот“ како дигитална алатка во минатото навистина беше предмет на злоупотреби и ако разгледуваме во тој контекст одлуката на Уставниот суд ја поздравувам, изјави Минчев.

- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Комората за приватно обезбедување, каде истакна дека МВР, како надлежен регулатор на овој аспект во работењето, има за цел континуирано да биде во тек со сите потреби, активности и трендови во приватното обезбедување.

- МВР навремено да ги детектира сите можни нови форми на соработка кои се подеднакво во интерес како на приватната, така и на јавната безбедност, потенцира министерот Тошковски при посетата на Комората на приватно обезбедување.

 – Комерцијалната работа на терминалот за течен природен гас во грчкиот град Александруполи преку кој низа земји, меѓу кои и Северна Македонија, ќе се снабдуваат со природен гас ќе започне на 1 октомври годинава, јави дописничката на МИА од Атина.

Извршниот директор на „Гастрејд“, компанијата-оператор на проектот, Костис Сифнеос, заедно со амбасадорите во Грција на земјите-членки на Европската унија и на Швајцарија и Норвешка го посетиле терминалот и како што пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, биле информирани за начинот на функционирање, за стратешките цели, како и за геополитичката важност.

 – Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието.

Таа на маргините на 23. Годишна конференција на Македонската берза пред медиумите, изјави дека останува да биде изготвен буџетот, но оти цврсто стои на позицијата да има зголемување на платите за наставниците и професорите во основните и средните училишта

- Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40 961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Образование (19.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.6 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.7 %).

- Србија од јануари до јули годинава остварила рекордни приходи од 1,5 милијарди евра од странски гости, што за седум месеци го надминала резултатот од целата 2019 година, изјави денеска државниот секретар во Министерството за туризам и млади Урош Кандиќ.
Тој во изјавата за Бета вели дека за седум месеци од годинава девизниот прилив е зголемен за 16 отсто во однос на истиот период од претходната рекордна година и дека е за речиси 10 отсто поголем од цела 2019 година.

Тој нагласи дека со значителниот раст на девизниот прилив, туризмот е меѓу најважните учесници во секторот за извоз на услуги и сочинува околу една петтина од вкупниот извоз на услуги во Србија.

- Бугарските власти денеска соопштија дека компанијата „Норта Глобал“ со седиште во Софија нема никаква врска со испораката кон либанската милитантна група Хезболах на комуникациски уреди што експлодираа.

Стотици пејџери и воки-токи експлодираа низ Либан во вторникот и средата, при што загинаа најмалку 37 луѓе, а ранети се речиси три илјади. Хезболах и неколку меѓународни медиумски организации го обвинија Израел за саботажа на електронските уреди. Израел не даде никаков јавен коментар.

- Британскиот јавен долг достигна точно 100 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во август, ниво што не е забележано од 1960-тите, и тоа прави притисок врз новата лабуристичка влада неколку недели откако го подготви својот прв буџет.

Јавниот долг на Британија, кој изнесува 2.546 милијарди фунти (нешто повеќе од 3.000 милијарди евра) - над 100 отсто од БДП. Бројката објавена денеска е „прелиминарна проценка“, предупреди во соопштението Канцеларијата за национална статистика.

-Мароко уапси 152 лица на кои ќе му се суди под обвинение за користење на социјалните мрежи за поттикнување обид за масовна илегална миграција во шпанската енклава Сеута, изјави денеска владиниот портпарол.

Во последните денови, илјадници претежно млади Мароканци се собраа во западниот град Фнидек во обид да ја преминат границата. Нивните обиди беа спречени со најстрогите безбедносни мерки досега преземени во градот, рекоа локалните активисти за човекови права.

Остани поврзан