3 јуни 2025
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на Машинскиот факултет во Скопје, ќе оствари средба со група од 60-тина студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг во Манхајм, кои се во студиска посета на Македонија.
- Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг е водечка германска институција за дуално образование која има мрежа од 9 кампуси со над 35 илјади студенти. Кампусот во Манхајм е втор по големина со 6000 студенти на над 45 студиски програми и 2000 компании партнери во образовниот процес. Универзитетот е основан во 1974 година, соопштија од МОН.
Скопје - Пред пратениците во рамки на 51. седница на Собранието е Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година.
Во Извештајот објавен на собраниската веб-страна се посочува дека во текот на 2024 година, Советот во рамки на 39-те одржани седници извршила избор на судии и претседатели на судови, избор и разрешување на судии поротници, констатирал престанок на судиската функција, утврди нестручно и несовесно вршење на судиската функција со изрекување на дисциплински мерки, ги разгледал и оценил тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите, донел одлуки за времено упатување на судии од еден во друг суд, извршил работни посети во судовите со цел констатирање на одредени состојби и вршел и други работи во рамки на својата надлежност утврдени со закон.
Скопје - Во Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје денеска ќе се одржи меѓународна научна конференција „Стратегии за безбедност и одбрана: критичен фактор за одржлив мир и национален развој“, во рамки на одбележувањето на 50 години од основањето на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет.
Охрид - Најважните предизвици и можности со кои се соочува земјоделскиот сектор во регионот, со акцент на пристапувањето во ЕУ, иновациите и климатската отпорност ќе бидат во фокусот на 25-иот форум за земјоделска политика кој ќе се одржи во Охрид, во организација на Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Форумот за земјоделска политика (APF), е дводневен настан, кој претставува платформа за политички дијалог за земјоделството и руралниот развој во Југоисточна Европа, и како што е најавено, ќе собере повеќе од 100 клучни учесници од регионот и пошироко, со цел да се адресираат критичните предизвици и можности со кои се соочува земјоделскиот сектор во регионот.
Скопје - Од денеска до 5 јуни во организација на ЈУ. Детски културен центар - Карпош ќе се одржи второто издание од фестивалот посветен на мјузикли за деца и млади, на сцената во киното Фросина при МКЦ во Скопје.
Овој живописен настан, поддржан од Град Скопје, ќе претстави живи изведби на омилените приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот.
Скопје - Во Скопје денеска ќе се одржи петтото издание на трансформативниот и поддржувачки настан „Женски Круг #5: Дојди како што си!“, настан наменет за жени од сите возрасти и животни патеки, кои се подготвени да го ослободат својот глас, телото и енергијата во безбеден и сочувствителен простор.
Како што соопштија организаторите на настанот, овој круг е дел од регионална иницијатива за создавање сигурни простори за женско изразување, исцелување и сестринска поврзаност.
Скопје - Во Музејот на современата уметност - Скопје денеска ќе биде отворена првата самостојна изложба во нашата земја на реномираниот британски уметник Ричард Дикон, добитник на Turner Prize (1987) и претставник на Велс на Венециското биенале (2007).
Скопје - Ансамблот за народни игри и песни на Хрватска „Ладо“ денеска ќе се претстави со концерт на народни игри во Национална опера и балет, Скопје. Гостин на концертот ќе биде македонскиот ансамбл „Танец“.
Во богатата низа на разновидни концерти кои „Ладо“ ги изведува во текот на годината, се вели во соопштението од Националната опера и балет, најбрилијантни се играорните програми во кои може да се види целиот сјај на ансамблот.
Скопје - Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ денеска свечено ќе биде отворен во Музејот на современа уметност со изложбата „ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ. АРХИВИ И ФОТОГРАФИЈА ОД СЛОВЕНИЈА“, голема архивска поставка што низ фотографија и документи го истражува словенечкото панк-движење од крајот на 1970-тите до средината на 1980-тите години.
Скопје - Во Културно информативниот центар – Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Скопје 20214... и потоа“ од Златко Теодосиевски.
Како што најавија од ЈУ Културно информативниотн центар - Скопје, за книгата ќе зборуваат Никос Чаусидис и Бранко Героски.
Скопје - На големата сцена на Македонскиот народен театар денеска ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска.
Скопје - Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад во состав Вања Ејдус, актер и претседател, Дражен Ференчина, режисер, Федор Шили, драмски писател, Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател, на завршната седница, одржана доцна синоќа, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонски народен театар, Скопје.
Битола - Општинската организација на Црвен крст Битола, приреди промоција на документарниот филм „Модринки на душата“, во режија на Лина Чашитовска и Александар Василевски.
Сценариото на филмот го подготвија учениците Софија Гакова, Матеа Мано, Христина Врчковска, Владимир Јаневски и мини менторот на групата Лина Чашитовска, која истакна дека филмот е снимен со цел будење на свеста кај сите генерации и заедничка борба против врсничкото насилство.
Белград - Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води под покровителство на Европската унија.
Тоа ќе биде прва рудна дијалог со Петер Соренсен откако ја презеде функцијата од Мирослав Лајчак во почетокот на февруари.
Делегацијата од Белград ќе биде предводена од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ.
Брисел - Членовите на Конференцијата на претседатели на Европскиот парламент, предводени од неговата претседателка Роберта Мецола денеска ќе престојуваат во посета на Копенхаген во рамки на подготовките за претстојното претседавање на Данска со Советот на Европската Унија во втората половина на 2025 година.
Како што соопшти Прес-службата на ЕП, предвидено е лидерите на Европарламентот да се сретнат со данската премиерка Мете Фредериксен и со претставници на Парламентот, а ќе имаат и аудиенција кај кралот Фредерик Десетти и кралицата Мери.
Брисел - Проширувањето, Украина и соседската политика на ЕУ ќе бидат главни теми на денешната дебата во Брисел на еврокомесарката за проширување Марта Кос со членови на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
- Состојбата со преговорите за проширувањето, агресивната војна на Русија против Украина и политиката на ЕУ кон соседството ќе бидат меѓу приоритетните теми од тековната работна програма на Комисијата за кои европратениците ќе дискутираат со комесарката Кос, соопшти Прес-службата на Европскиот парламент.
Брисел - Европската комисија утре треба да го објави т.н. Извештај за конвергенција, кој ќе содржи оценка за тоа дали Бугарија ги исполнува критериумите за да биде примена во Еврозоната од 1 јануари 2026 година.
Исто така утре, свое мислење за тоа дали Бугарија е подготвена да биде членка на Еврозоната треба да даде и Европската централна банка (ЕЦБ), но по правило од клучно значење ќе биде ставот на Комисијата.
Приемот во Еврозоната би значел дека бугарскиот лев ќе биде заменет со еврото како национална валута во Бугарија.
Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја поддржува иницијативата на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган да се сретне со американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин во Турција, јави Укринформ .
Тој на вчерашната прес-конференција во Киев рече дека без таков состанок нема да има прекин на огнот.
Вашингтон - Пред да биде назначен за директор на ФБИ, Кeш Пател јасно ја изрази својата намера да го преобликува Бирото според неговата визија, што ја одразува желбата на Белата куќа да ја потчини американската агенција на нејзината волја.
„ФБИ стана толку компромитирано што ќе остане закана за народот освен ако не се преземат драстични мерки“, напиша Пател во книгата „Гангстери на владата“, тврдејќи дека високи функционери на ФБИ мора да бидат отстранети.
Неговата визија за ФБИ под претседателот Доналд Трамп полека се обликува.
Вашингтон - Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно неделава ќе има телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, пренесе ДПА.
Ливит не даде дополнителни детали и немаше непосредна потврда од Пекинг.
Доколку разговорот се одржи, додава ДПА, се очекува лидерите да се фокусираат на актуелниот трговски спор меѓу двете земји. Иако САД и Кина се согласија кон средината на мај да ги ублажат дел од нивните царини, тензиите меѓу двете економски суперсили неодамна повторно се разгореа.
Вашингтон - Бројот на повредени лица во нападот врз произраелскиот митинг во западната американска држава Колорадо се зголеми од осум на 12, бидејќи беа идентификувани уште четири жртви, соопштија органите за спроведување на законот во понеделник, пренесува ДПА.
Дополнителните четири жртви претрпеле полесни повреди, поради што не биле вклучени во првичните извештаи. Две од нив остануваат во болница и се лекуваат, наведуваат локалните власти.
Тел Авив – Вчерашниот повик на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за спроведување независна истрага за наводните израелски напади во близина на центрите за дистрибуција на помош во Газа, предизвика остра осуда од израелската Влада, јави ДПА.
Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Орен Марморштајн, ја нарече изјавата на Гутереш „срам“ и го критикуваше шефот на ОН за тоа што не ја споменал палестинската исламистичка група Хамас или нејзиното отфрлање на предлозите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
Сеул - По повеќемесечни политички превирања, Јужна Кореја денеска ќе треба да избере нов претседател кој ќе го наследи конзервативецот Јун Сук-Јол, кој беше соборен од краткотрајната, но шокантна вонредна состојба во оваа азиска земја, јавија американските медиуми.
Париз - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за нередите во Париз кои се случија по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите.
- Сакам да му се заблагодарам на шефот на обезбедувањето, кој не е тука, но тој беше неверојатен, како и целиот негов тим. Во одреден момент ситуацијата стана доста напната, па дури нè советуваа да не се враќаме во хотелот. Тие рекоа можеби треба да најдеме место во близина и да преноќиме таму. Затоа што веќе беше по полноќ и по улиците се случуваа опасни работи - гасни бомби, запалени автомобили... Сето тоа се случуваше токму околу нашиот хотел, кој се наоѓа во близина на Триумфалната капија.
Во одреден момент, сè почна да излегува од контрола. Иако, од друга страна, можете да разберете - луѓето беа воодушевени. За прв пат градот ја освои Лигата на шампионите. Ова е еден од најважните градови во светот. Сите славеа, рече Ѓоковиќ на вчерашната прес-конференција.