• среда, 25 декември 2024
МИА Радио флеш

20 ноември 2024 

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе учествува  на состанокот на министри на надворешни работи на Централно европска иницијатива (ЦЕИ) кој во рамки на албанското претседавање со иницијативата се одржува денеска во Тирана.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, фокусот на темите на состанокот ќе биде ставен на ЕУ проширувањето во новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици се рефлектираат како на регионалната, така и на меѓународната безбедност и стабилност.

За време на министерскиот состанок се очекува да биде усвоена Заедничка изјва од страна на сите министри на земјите членки на ЦЕИ, потврда за изборот на нов Генерален секретар на ЦЕИ и утврдување на следната земја претседавач со иницијативата - Република Србија.

Скопје - Премиерот на Република Косово не кажа ништо посебно, само кажа дека во Северна Македонија нема закон за албанскиот јазик, има Закон за јазиците. Истото и јас го тврдам - дека и до сега немало посебен закон за албанскиот јазик, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

Одговарајќи на новинарски прашања, реакцијата на ДУИ на изјавата на косовскиот премиер Албин Курти, Меџити ја оцени како „хистерична“, спомнувајќи дека партијата на Али Ахмети така реагирала и на укинувањето на балансерот - алатката за вработување во јавната администрација по етнички клуч.

-Хистерични се. За да сфатите како реагираат ДУИ на овие работи: министрите на ДУИ во минатата влада имаат дадено писмено мислење во врска со балансерот и сите, до еден, дадоа негативно мислење дека на балансерот му е поминат рокот, дека е несоодветен механизам, и истите тие, кога се укина од Уставниот суд, од судии кои беа избрани од нивното мнозинство, тие излегуваат и протестираат зошто се укинува балансерот. А самите го барале тоа. Значи, луѓето се во паника, немаат визија и никако да се соочат со новата реалност дека се во тешка опозиција, изјави Меџити по отворањето на  „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина“.

Скопје - Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска остварила средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која станало збор за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка.

Преку оваа средба, како што соопшти Народната банка, била нагласена поддршката од САД за економскиот развој и зајакнувањето на отпорноста и финансискиот интегритет на земјава.

На почетокот на средбата била истакната клучната улога на Народната банка во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности.

Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков присуствува на Првиот министерски состанок за засилена климатска акција во туризмот во Баку, Република Азербејџан, кој се одржува во рамки на 29. Конференција на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени – КОП29.

На овој висок собир, како што информира Министерството за култура и туризам, министрите разговараат за усогласување на политиките во областа на туризмот со ублажување на климатските промени и усвојување мерки за адаптација.

Говерејќи за улогата на овој еминентен состанок, министерот Љутков нагласил дека министрите имаат политичка, но и морална  одговорност за преземање итна акција која ќе биде дел од глобалните напори за справување со климатските промени.  

Скопје - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во рамки на седмиот Дигитален самит во Талин се обрати на сесијата Дигитални технологии и управување во Западен Балкан, која беше дел од панелот за Сајбер отпорност и партнeрство во земјите од Западен Балкан.

Како што информира Министерството за дигитална трансфорамција, фокусот на панелот беше да се разменат мислења за примената на нови технологии во јавниот и приватниот сектор, ризиците од сајбер-напади, како и можностите за примена на најдобрите практики за подобрување на процесите на управување и давање на услуги кон граѓаните.

Андоновски во своето обраќање истакнал дека граѓаните мораат да бидат во срцето на процесот на дигитална трансформација.

- Дигитализацијата е главниот двигател за иновации, конкурентност и раст во сите сектори. Отвора нови можности, помагајќи им на граѓаните и компаниите да го добијат најдоброто од меѓусебно поврзаниот свет, изјавил Андоновски.

Скопје - Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе биде потпишан Договор за грант во вредност од 3 милиони евра, финансиски средства од швајцарската влада, оперативно управувани од ЕБРД, чиј корисник е МЖСПП. 

Како  што соопштуваат од Министерството, Договорот ќе биде потпишан од страна првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорот на канцеларија на ЕБРД Скопје,  Матео Колангели во присуство амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман. 

Скопје - Значаен процент од младите во Република Северна Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше истакнато на денешната прес-конференција на Здружението ХОПС - Опции за здрав живот - Скопје, која ги сподели резултаите од истражувањето Младите и нивните навики за обложување во Северна Македонија, во Србија и во Косово“, како и нивните препораки против зависност од игри на среќа кај младите. Меѓу нив, се играчите да се информираат за опасноста од игрите на среќа, да се воведат превентивни програми, но и воведување програми за лекување зависност од коцкање. 

-Очигледно е дека бројот на млади луѓе кои играат игри на среќа во Република Северна Македонија е прилично голем. Дури 71% од 214 учесници во онлајн истражувањето се изјасниле дека играле игри на среќа, а 17,8% од нив рекле дека се зависни од играње. Дури 50% од испитаниците од фокус групата играат игри на среќа секој ден. Ова укажува на голема веројатност дека значаен процент од младите во Република Северна Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше споделено на настанот.

Белград- Републичките и покраинските пратеници и советниците на опозициските партии во градското собрание втор ден по ред ја блокираат зградата на судот и обвинителството во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.нив

Утринава нив пред обвинителството ги пречекаа силни полициски сили. Набргу по почетокот на блокадата почна интензивно туркање со припадниците на полицијата кои ги предупредија пратениците дека ќе употребат сила доколку не се тргнат и го ослободат пристапот до судот.

Пратениците во репбличкото собрание, Срѓан Миливојевиќ, Радомир Лазовиќ и Павле Грбовиќ,  успеаја да влезат во зградата на судот, а полицијата потоа застана на вратата. Во тоа кошкање со полицијата Радомир Лазовиќ се онесвести, а Миливојевиќ му укажа помош.

Брисел - Лидерите на три групации од т.н. проевропско мнозинство во Европскиот парламент - Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) денеска треба да одржат нова рунда разговори во обид да најдат решение за деблокирање на процесот за избор на новата Европска комисија. 

Првите луѓе на трите групи, Манфред Вебер од ЕПП, Ираче Гарсија Перез од СД и Валери Ајер од РЕ се состануваа во текот на целиот вчерашен дена, но сепак на последната средба одржана доцна синоќа на успеаја да постигнат конечен договор. 

Застојот во постапката излезе на повидок минатата недела околу одобрувањето на номинациите на шесте кандидати за потпретседатели на Европската комисија. Нивните кандидатури според првичниот план требаше да бидат одобрувани одделно по завршувањето на сослушувања на секој од нив во вторникот, но трите „проевропски“ партии се договорија да го одложат потврдувањето со цел, како што беше образложено, да се обезбеди „сеопфатен пакет на сите шест номинирани“. Покрај, на шесте кандидати за потпретседатели, на одобрување чека и номинацијата на Оливер Вархеји, кој е предложен за еврокомесар за здравство и благосостојба на животните. 

Москва - Обидите на одредени земји од НАТО да ги олеснат украинските напади длабоко на руска територија со обезбедување ракети со долг дострел нема да останат неказнети, предупреди денеска директорот на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација, Сергеј Наришкин.

Тој посочи дека проширувањето на листата на причини за руската употреба на нуклеарно оружје практично гарантира дека Русија не може да биде поразена на бојното поле.

„Нашите непријатели се принудени да признаат дека решеноста на рускиот претседател цврсто да ги брани фундаменталните интереси на земјата со сите расположливи средства го стеснува просторот за маневрирање на Вашингтон и на Брисел, изјави Наришкин во интервју за руското списание „Национална одбрана“.

Москва – Замрзнувањето на конфликтот во Украина не е опција за Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и додаде дека е важно Москва да ги постигне своите цели во конфликтот.

- Претседателот (на Русија) Владимир Путин јасно кажа дека опцијата за замрзнување на конфликтот не е прифатлива за нас. За нас е важно да ги постигнеме нашите цели, кои се добро познати на сите, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање за можни преговорите за границата меѓу Русија и Украина.

Песков одговараше на извештаите дека Русија може да размисли за замрзнување на конфликтот или повлекување од територијата во регионот Харков во Украина.

Њујорк - Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Стефан Дижарик изјави дека поради опструкциите од страна на Израел повеќе од 40 дена, речиси и да не е доставена помош за Палестинците кои се борат за опстанок во северна Газа, јави Анадолија.

Дижарик одговараше на прашањата на новинарите за случувањата на Блискиот Исток.

Нагласувајќи дека израелските војници го блокирале преминот кон северниот дел на Газа, Дижарик истакна дека жителите од овој регион речиси и да не добиваат помош повеќе од 40 дена и оти хуманитарната ситуација е особено тешка во одделни региони.

- Луѓето се борат за опстанок во опколените области во северниот дел на Газа, рече Дижарик, повикувајќи се на информации добиени од Канцеларијата за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА) на ОН.

Вашингтон - Министерството за одбрана на САД нема информации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје на територијата на Украина, изјави синоќа Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон.
 
-Не сме изненадени од ажурирањето на руската нуклеарна доктрина. Тоа е нешто на што тие алудираа… во последните неколку недели. Ова е истата неодговорна реторика што ја забележувавме и претходно, и, искрено, во последните две години. Ова е нешто што ќе продолжиме да го следиме. Но, немаме никакви индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје на територијата на Украина, и не гледаме потреба да правиме промени во нашата сопствена нуклеарна позиција, изјави Синг на прашање од новинар.
 
Синг не се согласи со изјавата на поранешниот претседател Доналд Трамп дека последните настани го доближиле светот до Трета светска војна.

Вашингтон - Советот за безбедност на ООН синоќа одржа специјална седница одбележувајќи го 1.000-от ден од почетокот на војната на Русија против Украина. Освен 15-те членки на Советот за безбедност, на седницата учествуваа и претставници од Чешка, Италија, Ирска, Германија, Полска, Литванија, Романија и Турција – што сведочи за тоа колку сериозно меѓународната заедница ја сфаќа континуираната руска агресија во Украина, јави Гласот на Америка.
 
Заменикот на генералниот секретар на ООН за политички прашања, Розмари Дикарло, посочи на високата цена на оваа војна: досега се убиени 12.164 цивили, вклучително и 600 деца; 26.871 цивили се ранети.
 
-И ова се само потврдени податоци, рече Дикарло.

Сеул – Северна Кореја неодамна и испорачала дополнителни артилериски системи на Русија за употреба во Украина, а неколку илјади севернокорејски војници распоредени во Русија почнаа да учествуваат во борбите, соопшти денеска јужнокорејската разузнавачка агенција (НИС).

На брифинг во парламентот, Националната разузнавачка служба соопшти дека Северна Кореја во Русија извезла самоодни топови со калибар од 170 милиметри и повеќе ракетни системи со калибар од 240 милиметри, рече пратеникот Ли Сеонг Квеун.

Ли изјави за новинарите дека агенцијата оценила дека оружјето е тип на артилерија што не се користи од руската војска, па Северна Кореја најверојатно испратила персонал за да ги обучи руските сили како да го користат и одржуваат.


 

Остани поврзан