• недела, 24 ноември 2024
МИА Радио флеш

7 ноември 2024

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по сите пристигнати пријави, при што се утврдени одредени нерегуларности кај некои универзитети. 

Во изјава за медиумите денеска таа посочи дека неправилности нема само на универзитети, туку и на институти и дека „комплетно е завршен процесот на затворање на два института“, но не откри за кои институти се работи.

Скопје - Неопходна е тесна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор за успешна енергетска транзиција и вложување во долгорочни решенија и иновации коишто ќе ја зајакнат енергетката независност на државата, беше заклучено на втората конференција на Македонската асоцијација за обновливи извори (МАРЕС). 

На конференцијата учествуваа претставници на Владата, Регулаторната комисија за енергетика, МЕПСО, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како и домашни и странски експерти.

Скопје - Царински службеници и мобилни тимови во текот на изминатите денови спречија обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока, кабли за електрична инсталација и друга стока, а до едно лице е поведена и прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило, информираат денеска од Царинската управа.

На меѓународниот аеродром Скопје се откриени 616 стоматолошки инструменти и четири килограми порцелански прав и основен порцелан за стоматологија, при контрола на куфери во сопственост на турски државјанин кој допатувал со лет од Измир. Откако при рентгенска контрола на куферите на патникот биле забележани неправилности, била извршена детална контрола при што биле пронајдени непријавените производи. Тие се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

Скопје - Претседателот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партијата во Тетово се сретна со евроамбасадорот Михалис Рокас.

Ахмети и Рокас, како што информира ДУИ, разговараа за сите политички прашања во нашата земја, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор и за изборите во Северна Македонија. 

Скопје - Од денеска до 10 ноември во Крушево, Младински Сојуз ќе биде домаќин на Меѓународната конференција „Екосистем на социјално претприемништво: како до општествена поддршка на социјалната економија”.

Примарната цел на овој настан, како што информираат од  Младински Сојуз, е поврзување и вмрежување на чинители важни за социјалното претприемништво од регионите Западен Балкан и Вишеград. 

Скопје - Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани од денеска е во дводневна посета на Република Турција, каде ќе учествува на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата, кој оваа година е со тематски наслов „Жените во ерата на вештачката интелигенција (ВИ): Растечки предизвици и зголемени можности“.

Самитот, како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, се одржува на највисоко ниво, со  присуство на претседателот на Република Турција, Таип Реџеп Ердоган, првата дама на оваа земја Емине Ердоган, министерката за семејство и социјални прашања  Оздемир Ѓокташ, министри од повеќе земји и претставници на Здружението жени и демократија во земјата.

Скопје - Независниот синдикат на професионални војници до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против поранешната  министерка за одбрана Славјанка Петровска поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик и го повика актуелниот министер Владо Мисајловски на социјален дијалог за решавање на проблемите на професионалните војници. Во спротивно најавуваат протест.

Според претседателот на Синдикатот на професионални војници Александар Насковски, проблемот трае 11 месеци и е наследен од претходниот министер, а доколку во најбрз рок не се реши, професионалните војници ќе излезат на протести пред Владата како во 2009 година.    

Скопје - Заменикот министер за јавна администрација, Лазе Јаќимоски учествуваше на Регионалниот состанок на регионалната платформа за реформа на јавна администрација WeBER

Во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, се одржа Регионален состанок на регионалната платформа за реформа на јавна администрација  WeBER, на кој учествуваше Заменикот министер за јавна администрација Лазе Јаќимоски.

Скопје - Во Порта Македонија вчера се одржала конститутивна седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Според Љутков, ова тело ќе има клучна улога во обликувањето на културната политика на државата.

Како што соопштија денеска од Министерството за култура, членовите на Советот се од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и лица од јавниот и општествениот живот. Членови на Советот се проф. д-р Ганка Цветанова, проф. академик Вера Битракова Грозданова, проф. Атила Клинче, проф. Андријана Јаневска, оперскиот првенец Игор Дурловски, проф. Рефет Абази, проф. д-р Јован Донев, м-р Дејан Пројковски, проф. Антони Мазневски, Сузана Спасовска – пејач солист првенец, режисерот Сашко Мицевски и писателот Блаже Миневски.

Скопје - Во Домот на културата „25 Мај“ во Валандово во рамки на церемонијата по повод „Денот на општината“, највисокото општинско признание „6 Ноември“ за оваа година постхумно му беше доделено на Мирко Попов (1972-2024).  Тој беше еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, издавач на македонска музика, диџеј, радио водител и уредник, иницијатор и организатор на бројни музички фестивали, програми и културни акции.

- Општина Валандово има чест највисоката општинска награда „6 Ноември“ годинава постхумно да ја додели на Мирко Попов. Одлука, која Советот на општината едногласно ја донесе. Неговата иницијатива за снимање и издавање македонска музика во изведба на ансамблот „Распеани валандовчани“ претставува уште еден во низата придонеси за афирмација на македонскиот идентитет. Уште повеќе што го става во фокус културното наследство на Валандово, преточено во музиката. Овој проект кој го започна Попов, ќе го реализираме заедно со неговите соработници и со поддршка на општината, изјави градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов.

Женева - Стотици милиони деца и адолесценти ширум светот секојдневно се соочуваат со насилство во нивните домови, училишта и на други места, што може да има доживотни последици, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Насилството вклучува удирање од членови на семејството, малтретирање на училиште, како и физичко, емоционално и сексуално насилство, соопшти СЗО.

Берлин - Германскиот канцелар Олаф Шолц мора веднаш да побара гласање за доверба на неговата влада во парламентот и да не чека јануари како што предложи, изјави денеска лидерот на германските опозициски конзервативци (ЦДУ) Фридрих Мерц. 

-Коалицијата повеќе нема мнозинство во германскиот Бундестаг (Долниот дом на Парламентот) и затоа апелираме до канцеларот веднаш да побара гласање доверба, најдоцна до почетокот на следната недела, изјави Мерц, пренесе Тагешау.

Брисел - По завршувањето на денешниот Самит на Европската политичка заедница, доцна попладнево во Будимпешта ќе започне неформална средба на лидерите на ЕУ на која главна тема ќе биде дебатата за нов договор за конкурентност на Унијата. 

Самитот ќе започне со работна вечера на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ, кои при тоа ќе разговараат и за трансатлантските односи, најновите случувања во Грузија, како и за неодамна усвоената израелска легислатива во врска со Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА). 

Берлин - Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг во денеска изјави дека планира да остане на функцијата и покрај распадот на германската коалициска влада и дека ја напушта својата Слободна демократска партија (ФДП).

Во исто време, ДПА дознава дека германскиот канцелар Олаф Шолц го назначи Јерг Кукиес, неговиот поранешен економски советник, за наследник на разрешениот министер за финансии, Кристијан Линднер.

Техеран - Иран, кој со децении има затегнати односи со САД, денеска изрази надеж дека изборот на Доналд Трамп ќе му овозможи на Вашингтон „да ги преиспита погрешните пристапи од минатото“.

„Имаме многу горчливи искуства со политиките и пристапите на различни американски влади“, изјави портпаролот на иранската дипломатија Есмаил Багај.

Будимпешта - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте го поддржа германскиот канцелар, Олаф Шолц да ги исполни одбранбените обврски на неговата земја и покрај колапсот на германската влада.

Руте рече дека е сигурен оти Германија може да ги исполни нејзините одбранбени барања, опишувајќи го Шолц како „силен лидер“ кој може да се движи низ политичката нестабилност.

Киев - Повеќе од 30 руски дронови беа соборени на периферијата на Киев, а остатоци паднаа во шест станбени области на главниот град на Украина, соопшти денеска градската воена управа.

- Руската армија во текот на ноќта повторно го нападна главниот град на Украина со нападни дронови. Тоа беше голем напад. Непријателските дронови се приближуваа поединечно и во групи. Нападот беше изведен во бранови од различни правци и висини, се вели во соопштението на Воената управа на Киев.

Ерусалим - Израелскиот парламент денеска усвои закон со кој ќе се дозволи депортација на членовите на семејствата на палестинските напаѓачи во Појасот Газа или на други локации.

Законот, за кој се залагаа членовите на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите екстремно десничарски сојузници, според експертите, најверојатно ќе биде оспорен на суд.

 

Остани поврзан