30 мај 2025
Скопје - Фондот за здравство работи на формирање тимови од странски и домашни експерти кои ќе бидат во Кочани и ќе дадат максимална поддршка во делот на рехабилитација на сите повредени, истакна на денешната прес -конференција во Владата, портпаролката Марија Митева.
Одговарајќи на новинарски прашања и најавата на премиерот Христијан Мицковски дека во Кочани ќе бидат испратени специјални медицински тимови, нагласи дека фокусот е да направат решение засегнатите да добијат најдобра рехабилитација.
Скопје - Комисијата за здравство при Собранието на денешната седница едногласно изгласа заклучоци и препораки од Надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”.
На прес-конференција претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи соопшти дека Комисијата утврдила дека од вкупно усвоени триесет и три препораки и задолженија од Јавната расправа на тема „Енормно загадување на амбиенталниот воздух во Република Македонија” одржана во Собранието на Република Македонија во 2018 година, властите целосно или делумно спровеле само шест. За шест години, како што кажа таа, властите имале реализација од скромни и недоволни 15% реализација на препораките и задолженијата кои им биле дадени од Собранието.
Скопје - Анализите за спојување на разузнавачките агенции во една се во напредна фаза и штом ќе се створат услови јавноста ќе биде информирана, истакна денеска портпаролката на Владата Марија Митева.
Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција појасни дека тоа се институции од исклучителна важност и времетраењето за таква реформа е подолго.
Прашана за коментарите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека отфрлањето на обвинението против директорот на АНБ Бојан Христовски од страна на обвинителството е политички притисок од ВМРО - ДПМНЕ, Митева рече дека одлуката е на судството и обвинителството составено од кадри кои тие ги поставиле.
Скопје - Над 2.000 лица со различни профили на поддршка согласно нивните потреби, но и пазарните реалности ќе бидат опфатени со мерката обуки во рамките на Оперативниот план на Владата за вработување за 2025 година, информира на денешната прес-конференција портпаролката Марија Митева.
Првата обука, во која се вклучени 245 лица, појасни, ќе биде наменета за невработени лица, регистрирани во Агенцијата за вработување, кај конкретен работодавач, на конкретно работно место. Приоритет ќе имаат жени, млади до 29 години и долгорочно невработени лица.
Скопје - Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази и јавната обвинителка во ОЈОГОКК Марија Ѓоргева денеска престојуваат во Приштина, Република Косово, каде оствариле средба со Главниот државен обвинител Бесим Келменди и со специјалниот јавен обвинител Блерим Исуфај.
Скопје - Судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски - Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се презакажува за 9 јуни. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, презакажувањето е по барање на надлежениот јавен обвинител.
Судењето треба да продолжи со завршни зборови на Обвинителството, откако со минатото рочиште заврши доказната постапка.
Скопје - Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека побарал поддршка од секретарот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) за резолуцијата за македонскиот идентитет и јазик, за која следната недела ќе се расправа во Европскиот парламент. Во денешната изјава тој ја овора дилемата дали оваа декларација ќе биде доволна гаранција за владата за да го откочи евроинтеграцискиот процес.
Скопје - Полициските службеници постапуваат согласно законот. Ќе биде процесуирано секое незаконско дејство кое е во делокруг и надлежност на полицијата, рече денеска директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со завчерашниот случај, кога градоначалникот на Чаир со луѓе од Општината истури ѓубре пред Градот Скопје.
Во врска со наводите за дивоградби во Чаир, Јанев истакна дека се проверуваат сите наводи, за секаде.
Директорот на БЈБ порача и дека иако прстот се вперува само во полицијата за многу случаи, таа не е секогаш единствено надлежна за да превенира некои појави, да ги детектира или да преземе акција.
Атина – Вселенската патријаршија упати апел до египетската Влада, врз основа на вчерашните изјави на претседателот на земјата, Абдел Фатах Ел Сиси, да најде соодветен начин да го зачува статусот кво на светиот манастир, кој со векови е особено почитуван и привилегиран од исламот и да го спроведе својот неодамнешен договор со манастирот, соопштија од Вселенската патријаршија за последните случувања околу Синајскиот манастир Света Катерина, јави дописничката на МИА од Атина.
Брисел - Од 1 јули сите јавни места на отворено во Франција, како плажи, паркови, реони околу училиштата, станици и постојки на јавниот превоз и спортски стадиони, ќе бидат „зони без тутун“ во кои ќе биде забрането пушење цигари, најави француската министерка за здравство и семејство Катрин Вотрен.
- Каде што има деца, тутунот мора да исчезне. Слободата на пушење завршува таму каде што започнува правото на децата да дишат чист воздух, изјави Вотрен за францускиот дневен весник „Уест Франс“.
Рим – Треба повеќе да направиме за да спречиме убиства на жени, изјави премиерката на Италија, Џорџа Мелони по најмладата жртва на фемицид во земјата.
На 26 мај во градот Афрагола убиена е 14-годишната Мартина Карбонаро од нејзиното 18-годишно момче откако ја раскинала врската.
- Ова злосторство ја обврзува земјата да погледне во лицето на длабокото зло, што не може ниту да се игнорира ниту да се прифати како нормално. Ова зло, е слепо и посесивно насилство, што премногу често е насочено кон жените, особено кон најмладите, наведе Мелони.
Брисел - За 2025 година од Федералниот буџет на Белгија ќе бидат издвоени 55 милиони евра наменети за зајакнување на кибер безбедноста на државните институции, најави денеска белгиската министерка за јавни работи и модернизација Ванеса Мац.
- Кибер нападите врз инструкциите може да ги оневозможат клучните услуги за граѓаните, да го наруши континуитетот на јавните услуги, па дури и да компромитираат чувствителни податоци, истакна Мац.
Киев – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан на прес-конференција во Киев предложи Турција да биде домаќин на трилатерална средба помеѓу претседателите на САД, на Русија и на Украина.
- Размислуваме дали преговорите во Истанбул можат да завршат со средба помеѓу Трамп, Путин и Зеленски, а домаќин да биде Ердоган, истакна Фидан.
Пред два дена украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи трилатерална средба со претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.
Киев – Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха денеска повтори дека пред да биде испратена делегација на мировните преговори во Истанбул, Киев сака да добие документ со предлозите на Русија.
- За следниот состанок да биде содржаен и смислен, важно е однапред да се добие документ, така што делегацијата што ќе присуствува има право да разговара за релевантните позиции, истакна Сибиха на заедничката прес-конференција во Киев со турскиот колега Хакан Фидан.
Пекинг – Кина ја одобри својата прва домашно произведена деветвалентна вакцина против хуман папилома вирус (ХПВ). Со тоа Кина е втора држава, по САД, која самостојно произведува поливалентни ХПВ вакцини.
Вакцината „Цеколин 9“, е заеднички проект на биоомедицинската лабораторија Ксијанг Ан, Универзитетот Ксиамен и компанијата Вантаи БиоФарм.
„Цеколин 9“ од 2019 година помина пет клинички тестирања спроведени ширум Кина, при што учествуваа над 11.000 девојки и жени на возраст од девет до 45 години.
Абуџа – Најмалку 88 луѓе вчера загинаа во поплавата што го погоди градот Моква, соопштија денеска нигериските власти.
Според нив голем број луѓе сè уште се во опасност, а спасувачките екипи се на терен.
Градот Моква беше поплавен по неколку часовните обилни врнежи. Но, според локалните медиуми ситуацијата се влошила и поради уривањето на брана во соседниот град.