29 мај 2025
Скопје - Предизвиците и можностите во користењето на европските претпристапни фондови и за идните насоки на соработка меѓу двете земји во оваа сфера, биле тема на разговор на средбата што министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Мадрид ја имаше со генералната директорка за европски фондови при Генералната дирекција за Европски фондови на Кралството Шпанија, Ана Кристина Пења Санчез, соопшти Министеството за европски прашања.
Фокусот на разговорите бил ставен на иднината на ЕУ фондовите за земјите кандидатки за членство во Унијата, во контекст на Планот за раст и Реформската агенда.
Скопје - Мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година имаат за цел да ја променат логиката на државната поддршка од пасивна контрола на невработеноста кон активна мобилизација, истакна владината портпаролка на денешната прес-конференција во Владата.
Митева се осврна на двете суштински мерки од Оперативниот план.
- Поддршката за самовработување која опфаќа три категории е за невработени лица до 29 години која според проекциите има опфат од 720 лица, а финансиската рамка е 615 илјади денари неповратни средства. Втората категорија се невработени лица над 29 години која опфаќа 610 лица, а овде финанасиксиата рамка е 430 илјади денари неповратни средства. Поддршка за вработување на здружување во друштво со ограничена одговорност која е предвидено да опфати 400 лица, тука може да се направи рализка во однос на финансиската рамка затоа што најнискиот износ од 861 илада ќе се донесува на два содружника над 29 години, а највисокиот од еден милион и 230 илјади денари се однесува на два содржуника до 29 години, посочи портпаролот на Владата.
Скопје - Потенцијалите на циркуларната економија, управувањето со отпадот како ресурс, декарбонизацијата и примената на зелената енергија и дигиталните алатки, се од суштинско значење за креирање одржлива иднина, рече денеска првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити на 6. Меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“.
Владата, напомена Меџити, останува цврсто посветена на воспоставување одржлив регионален систем за управување со отпад, развој на циркуларна економија преку селекција, рециклирање и повторно искористување на секундарните суровини.
Скопје - Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов денеска на прес-конференција ја поздрави одлуката на судијката Даниела Димовска да го одржи судењето за случајот „Адитив“ во дигиталната судница во Идризово. Посочи дека станува збор за европска судница, која заслужува многу почесто да биде користена и испрати апел до сите судии да ја користат за поголеми случаи, вклучувајќи го случајот и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Скопје - Од денеска до 30 јуни тече рокот во кој носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучувајќи ги и носителите на лиценци за пробна работа треба да поднесат Барање за промена на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) согласно одредбите од новиот Закон за енергетика, во спротивно лиценцата ќе престане да им важи. Барањето за промена може да се преземе од веб страницата на РКЕ Барање за промена.docx или во архивата на РКЕ.
За секоја лиценца се поднесува поединечно Барање за промена, односно не може со еден Образец да се поднесе Барање за промена на повеќе од една лиценца, информираат од РКЕ.
Скопје - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера учествувал на 18. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (форум „BCHOD“), што се одржа во Истанбул, Република Турција. Годинашната конференција, на тема „Визија за употребата на беспосадни системи во идните оперативни средини“, била отворена од страна на домаќинот, началникот на Генералштабот на Република Турција, генерал Метин Ѓурак, соопштија од ГШ на АРМ.
Скопје - Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ денеска ќе ја има својата италијанска премиера на реномираниот фестивал Cartoons on the Bay во Пескара. Овој фестивал, организиран од италијанската национална телевизија РАИ, претставува водечки настан во Италија посветен на анимацијата, трансмедијата и визуелните уметности.
Белград - Состанок на претставници на студентите во блокада и челници на Универзитетот во Белград ќе се одржи денеска кога се очекува студентите да го објават својот став за претходната Иницијатива за спасување на Универзитетот во Белград, на која Ректорскиот колегиум и деканите предлагаат излез од сегашната криза.
Тоа треба да биде трет состанок на претставници на студентите и Универзитетот.
Ректорскиот колегиум предлага заедничко дејствување на студентите, наставниот и ненаставниот кадар од сите факултети на Универзитетот во Белград.
Атина – Заострување на рамката за влез во Грција, зголемување на казните за оние кои нелегално влегуваат во земјата, криминализирање на нелегалниот престој во земјата по завршувањето на административната постапка, како и укинување на можноста за издавање дозвола за престој за оние кои седум години нелегално престојуваат во земјата, се дел од измените во новиот предлог-закон на Министерството за миграција и азил на Грција, според грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Вашингтон – Американската администрација вчера го поништи договорот вреден 590 милиони долари склучен со лабораторијата Модерна за развој на вакцина од типот иРНК против птичји грип, соопшти генералниот директор на компанијата.
Ова е најновата мерка против вакцини донесена од американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди помладиот, познат по своите изјави со кои ги доведува во прашање достигнувањата на медицинската наука, пренесе Бета.
Сеул – Авион за патролирање на јужнокорејската морнарица со четири лица во него се урна на планина во Поханг, град во југоисточниот дел на земјата, јави новинската агенција Јонхап.
Морнарицата, во кусо соопштение наведе дека несреќата се случила откако леталото полетало за вежба, но се урнало „поради неидентификувани причини“.
Пекинг – Кина соопшти дека цврсто се спротивставува на планот на САД за укинување на визите за кинески студенти и ги повика да се однесуваат поконструктивно кон билатералните односи.
Ова го соопшти кинеското Министерство за надворешни работи официјално протестирајќи против потегот најавен од американскиот државен секретар Марко Рубио.
Пекинг - Кина рано денеска ја почна својата прва мисија за собирање примероци од карпи од астероид близу Земјата. Целта е да се продлабочат научните сознанија за создавањето и обликувањето на астероидите и за раниот Сончев Систем.
Вселенското летало без екипаж „Тијанвен-2“ успешно полета од центарот за лансирање на сателити „Шичанг“ во југозападна Кина, соопшти кинеската Национална вселенска администрација. Сондата ќе патува околу една година, а целта е астероидот „2016 ХО-3“, наречен и „Камо'оалева“. По пристигнувањето, леталото ќе орбитира околу астероидот заради набљудување и за земање примероци од површината на вселенското тело.
Лондон - Фосилите од диносаурус би можеле да понудат клучни сознанија за новите откритија за рак и идното лекување кај луѓето. Научните сознанија се објавени во списанието „Бајолоџи“ (Biology), а истражувачите од британскиот Универзитет Англија Раскин (АРУ) и Империјалниот колеџ во Лондон речиси 10 години се занимавале со ова истражување.
Братислава - Месото од кафеавите мечки - заштитен вид во Европската Унија, наскоро ќе биде достапно за консумирање во Словачка. Имено, словачката Влада минатиот месец одобри лов и убивање на околу четвртина од 1.300 мечки во земјата.
Мечките станаа политичко прашање во Словачка по сѐ поголемиот број напади на луѓе, меѓу коишто и со смртни последици. Словачка, по бројот на напади, е втора во Европа, зад Романија, каде што, се проценува, има околу 13.000 кафеави мечки. Планот за заловување беше критикуван од опозицијата, вклучително и политичарите во Европскиот парламент. Но, иако кафеавата мечка е наведена како „речиси загрозена“ во ЕУ, словачките власти продолжуваат со планот. Најавена е и продажба на месото за јадење. Организациите под капата на Министерството за животна средина од следната недела ќе може да го понудат месото - под услов исполнување на сите законски и хигиенски услови.
Женева – Огромен дел од глечер на швајцарските Алпи вчера се отцепи предизвикувајќи свлечиште од мраз, кал и карпи што го затрупа поголемиот дел од планинско село кое беше евакуирано поради ризик од одрон на карпи, соопштија локалните власти.
Едно лице во моментов се води како исчезнато, соопштија официјални лица.
Брисел - Претседавачот на Комитетот за надворешни работи на американскиот Претставнички дом, републиканскиот конгресмен Брајан Маст упати писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со кое „бара одговори“ поврзани со интегритетот на претседателски избори во Полска, чиј втор круг е закажан за в недела.
Во писмо, Маст бара Фон дер Лајен да одговори на обвинувањата за противзаконско финансирање на кампањата на претседателскиот кандидат на владејачката десноцентристичка партија Граѓанска платформа (ПО) на премиерот Доналд Туск, Рафал Тшасковски.
Газа – Во израелско бомбардирање на Појасот Газа во текот на ноќта загинале најмалку 13 лица, соопштија локалните болници.
Четири лица биле убиени во напад на автомобил во градот Газа доцна синоќа, а уште осум, вклучувајќи две жени и три деца, биле убиени во напад на куќа во Џабалија. Во напад на бегалски камп во централна Газа загинало едно лице, а 18 биле повредени.
Информациите не можат да бидат потврдени од независни извори