• четврток, 26 декември 2024
МИА Општински пул

22 ноември 2024

Скопје- Општина Ѓорче Петров денеска спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години. На површина од 20 хектари засадени се 40.000 садници од црн бор, чемпрес и јасен. 

Во акцијата, како што информира Општина Ѓорче Петров, учествуваа екипи на ЈП „Национални шуми“, градоначалникот Александар Стојкоски, општинската администрација и раководството на компанијата „Адинг“.

Градоначалникот Стојкоски потенцирал дека оваа акција е дел од поголемите заложби на општината за одржлив развој и грижа за животната средина.

Пошумувањето не е само обврска, туку инвестиција во иднината на нашата заедница. Благодарност до сите кои се вклучија и покажаа дека заедно можеме да постигнеме големи резултати, порачал градоначалникот Стојкоски.

Куманово - Јавната општинска установа дом за стари лица „Зафир Сајто“ ќе вработи нови десет лица, соопштија денеска надлежните од установата. Станува збор за негуватели на стари лица, психолог и друг помошно-технички персонал, неопходен за функционирањето на установата која пружа кориснички услуги за старите лица. „Зафир Сајто“ пет години, сукцесивно ги бараше овие вработувања од ресорното министерството за труд и социјална политика.

Извесен период ги баравме, институцијата како што знаете и вие јавноста беше редовно информирана за тој сериозен проблем што го имавме со хроничен недостаток на потребни лица за работа во дом за стари лица. Конечно добивме согласност за вработување, би сакал да се заблагодарам на нашето матично министерство за разбирањето коешто го покажаа за нашиот проблем. Ние сме институција којашто има најголем капацитет во државата за сместување, максимално е исполнет 171 корисник. Без потребен персонал многу тешко функциониравме. Имаме одобрено поголема бројка на лица коишто можеме да ги ангажира. Сепак ние се водиме од оние средства коишто ги имаме како институција и ќе можеме да ангажираме околу десетина нови вработувања, колеги коишто се занимаваат со неговата работа со помош на технички персонал директно вклучени во работата со корисниците, изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.

Скопје - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направил увид во изградбата на фекална канализација за дел од населеното место Кадино, во општина Илинден.

Како што истакнал градоначалникот Георгиевски во рамки на проектот се гради примарна мрежа со припадни краци на фекалната канализација за дел од населеното место Кадино во вкупна должина од околу 3500 метри, од кои досега се изградени 730 метри и се поставени 19 шахти.

-Оваа мрежа на фекална канализација преку препумпен уред и потисен цевковод ќе се поврзе со веќе изградената пречистителна станица во н.м. Кадино и ќе ги опфати домаќинствата кои немаат фекална канализација, а се наоѓаат во еден од најниските делови на населеното место и припаѓаат во источниот и јужниот дел од Кадино, рекол тој.

Штип - Недоволен број на комунални инспектори во општините, најмногу во руралните општини, каде што и нема вработени комунални инспектори,  како и малите надлежности се дел од проблемите на комуналните инспектори со кои се среќаваат во текот на нивното работење на терен. Стотина комунални инспектори од 40 општини од земјава денеска имаа обука, а воедно Здружението на комунални инспектори ја одржа и својата шеста седница.

Претседателот на Здружението на комунални инспектори на Република Северна Македонија, Борче Везенков вели дека на состанок разговарале за прекршочните одредби од Законот за јавна чистота. Везенков кој е комунален инспектор во Општина Штип вели дека во текот на годината имаат веќе 30 постапки за физички лица и шест постапки за правни лица.

Велес - Градежните активности за партерно уредување на Спомен-костурницата од Народноослободителната војна кај Велес се во финална фаза, информирмира градоначалникот на Велес Марко Колев.

Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

-Со завршувањето на овој проект велешани и сите посетители ќе имаат уште едно модерно уредено катче за одмор и релаксација. Просторот околу Спомен-костурницата го добива својот нов лик, потенцира  градоначалникот Колев.

Остани поврзан