• четврток, 12 февруари 2026
МИА Општински пул

11 февруари 2026 

Дебар - Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ кај Дебар, привеле албански државјанин, поради нудење поткуп.

-Синоќа во 20:25 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ц.(33) од Република Албанија поради сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“ по член 358 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид. 

Според него, при пасошка контрола при излез од државата, тој во неговата патна исправа ставил пари и го известил полицискиот службеник, со што го сторил делото.

Албанскиот државјанин е задржан во Полициската станица Дебар и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Битола - Ансамблот на НУ Народен театар Битола ги реализира завршните подготовки за премерна изведба на претставата за деца „Пинкоио“ од Карло Голдони во режија на Деан Дамјановски.

Станува збор за претстава полна со смеа, музика, шарени ликови и важни пораки за пријателството, храброста и вистината, најавија од НУ Народен театар-Битола.

Во претставата „Пинокио“, ликот на Пинокио го игра Никола Стефанов, а покрај него во претставата ќе настапат Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски. Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски, посочија од битолскиот театар.

Во оваа претстава ангажирани се и деца од Театарска школа „Бабец“, односно  Софија Наумовска, Ана Анѓелевска, Веда Мавровска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана, Марија Каранфиловска, Лина Христовска, Војдан Мавровски и Николај Илијевски.

Охрид – Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата остануваме целосно посветени на спроведувањето на препораките за заштита на Охридскиот регион како светско културно и историско наслество заштитено од УНЕСКО. Тоа на својот фејсбук-профил го исткнува градоначалникот Кирил Пецаков, кој е дел од државната делегација што е наоѓа во Париз во седиштето на УНЕСКО каде има средби со надлежните лица во светската организација.

Пецаков кој како што вели е првиот градоначалник на Охрид кој остварил средба со Генерален директор на УНЕСКО, посочува дека се сретнал и со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО.

- Како татко на градот, моја должност е гласот на Охрид да се слушне директно таму каде што се носат одлуките за светското наследство. На средбата јасно ги пренесов нашите позиции дека Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките за заштита, дека се работи на долгорочна и одржлива заштита која ќе го зачува статусот на Охридскиот Регион на Листата на УНЕСКО. Ја истакнавме подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија, бидејќи езерото бара заеднички пристап - вели Пецков.

 Кочани - Почнуваат градежни работи за реконструкција и изградба на локалниот пат Оризни гумна – Друмот село Видовиште.

Градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев вели дека со реализацијата на проектот ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајната поврзаност.

Истовремено, тој им се обрати на граѓаните за трпение и внимателно движење за време на изведбата на работите. 

Остани поврзан