МИА Општински пул
- 13 декември 2024
13 декември 2024
Дебар – Најмалите од детските градинки во Горица и Пустец, како и од неколку одделенија од основните училишта, денеска беа израдувани со новогодишни пакетчиња, обезбедени од познатиот активист за правата на Македонците, Панди Јани, во соработка со градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.
-Донесовме новогодишна магија и насмевки на лицата на дечињата од градинките и на неколку одделенија во основните училиште во Мала Преспа. Со голема поддршка од градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, беа обезбедени и распределени новогодишни пакетчиња, кои им го направија празникот посебен, рече за МИА, Панди Јани.
Охрид - Средношколците од сите редношколски образовни установи во Општина Охрид ќе ја интензивираат меѓусебната соработка и нивните активности во градот. Чекор напред во таа насока е потпишувањето на првиот заеднички Меморандум за соработка меѓу ученичките заедници од сите градски средни училишта во Охрид.
Иницијативата за таков документ поризлезе од ученичката заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, предводена од претседателот Арсениј Ѓоршески.
Скопје - ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на ул. „Иван Наумов- Алабакот“ 6а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од повеќе улици во населба Маџари.
Без вода ќе останат корисниците од улиците „Иван Наумов-Алабакот“, делови од „Благоја Стефковски“ и „Маџари“, „Ордан Попјорданов“, „Жан Жорес“, „Пехчевска“ и од „Валандовска“.
Скопје - Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Јани Лукровски“, „16-та Македонска Бригада“ и „Трифун Хаџијанев“.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради промена на затворач ф-100 мм на ул.„Јани Лукровски“ бр. 2.
Скопје - Без струја денеска ќе бидат дел од општините Центар и Карпош, додека без вода дел од Центар и Гази Баба.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија од 08:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата „Тетовска“ во Центар, а од 09:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на последната автобуска станица на ЈСП - линија 57, во населбата Нерези во Карпош.
Скопје - По доставена иницијатива од граѓани за спроведување вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спровела контрола кај оператор со храна кој стопанисува со киосци (тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок.
За утврдениот прекршок, соопштија денеска од АХВ, инспекциските служби на Агенцијата издале решение за уништување на 1920 килограми небезбедната храна повлечена од неколку киосци со кои стопанисувал операторот. За сторениот прекршок, изречена е парична казна.
Скопје - Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Струмица- ОВР Валандово запленети се околу четири тони марихуана од правно лице во село Јосифово, Валандово.
Како што денеска соопштија од МВР, при крајот на октомври и почетокот на ноември 2024 година во правното лице за производство,трговија и услуги со приоритетна дејност, одгледување на останати повеќегодишни посеви и добиена лиценца за одгледување на марихуана за медицински цели, била извршена контрола од страна на Комисијата при Министерството за здравство, по барање на МВР, и во присуство на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица- ОВР Валандово. Во текот на контролата биле утврдени бројни неправилности околу произведената марихуана за медицински цели, при што е известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, кој дал наредба да биде извршен претрес во правното лице, по претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Гевгелија и Комисијата при Министерството за здравство за исполнетост на условите за простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за производство на марихуана за медицински цели.
Скопје - Книгоиздавателството „Панили“ го објави романот „Во длабочината на моите рани“ од авторката Благица Каревска. Станува збор за дело кое што ги руши границите меѓу фактот и фикцијата, има спој на елементи на психолошки роман, фантастика, љубовна приказна, семејна драма и трилер.
-Овој роман не е само поигрување со жанрот, туку и четиво какво што ретко, македонската читателска публика може да прочита од млад македонски автор. Проза што не дозволува читателот да биде рамнодушен и пасивен, туку со секоја нова страница кај него буди нови емоции и во исто време го поттикнува на активно читње, и тој а се „впушти“ во дејството. „Во длабочината на моите рани“ од Каревска е роман во којшто нема класични протагонисти и антагонисти, затоа шо секој од ликовите го носи својот товар што го поттикнува да ги доживее и најголемите падови и најголемите предизвици и издигнувања во животот, се вели во соопштението за романот.
Скопје - Декемвриската програма на Кинотеката ја збогатуваат филмови кои ја обележаа историјата на македонската кинематографија. Со овие проекции публиката има можност повторно да се потсети на овие филмови, кои преку различни наративи и жанрови ја прикажуваат македонската култура, историја и живот.
По повод 20-годишнината од премиерата на „Бубачки“ по сценарио и режија на Игор Иванов Изи, филмот ќе биде прикажан во Кинотеката вечер со почеток во 19.30 часот.