МИА Најави - МКД (ДПЛ)
- 25 ноември 2024
25 ноември 2024
Приштина - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши во еднодневна официјална посета на Република Косово.
Скопје - Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Седница на Комисијата за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)
Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во рамки на постојната ЈДГ „8 Март“ во Општина Кисела Вода. (11:00/предвидена изјава за медиуми)
Скопје - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе ја посети локацијата каде беше предвидена изградбата на асфалтна база во индустриската зона Визбегово каде пред стопанственици, жителит на оваа населба и претставници на медиумите, ќе информира за ставот на МЖСПП и Владата во однос на оваа инсталација. (12.00)
Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе има изјава за медиуми пред почетокот на состанокот на Работната група за изработка на закон за Сајбер безбедност. (Клуб на пратеници/14:00)
Гостивар - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе ја посети Општата болница во Гостивар, по повод набавена нова медицинска опрема. (10:00)
Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон ќе се обратат на „Форум Скопје – Секторски консултации“ - во организација на Министерството за култура и туризам, Британскиот Совет и Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии – УМПАКИ. (Јавна соба/ 13:00)
Битола - Панел - дискусија „Повеќе даночни приходи за побогато општество - перцепции и перспективи“ по повод Денот на даночните работници „29-ти Ноември Св.Матеј“ и изјава на директорката на УЈП Елена Петрова. (Офицерски дом/13:10)
Скопје - Социјалистичката партија на Македонија по повод 80 години од формирањето на Народно-ослободителниот фронт на Македонија ќе открие биста на првиот претседател на НОФ Димитар Влахов. (Пред седиштето на партијата/12:00)
Скопје - Прес-конференција на коалицијата „Вреди. (седиште во „Мавровка“/11:00)
Скопје - Прес-конференција на ДУИ. (Пред МТСП/12:00)
Скопје - Дискусија на тема „Политиките за доделување на дозволи за емитување и иднината на дистрибуцијата на ТВ содржини“ во организација на Центарот за развој на медиуми. (х. Холидеј ин/10:00)
Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на професионални војници. (Пред Министерство за социјална политика, демографија и млади/10:30)
Скопје - Почеток на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“. (Музеј на град Скопје/19:30)
Скопје - Саем на креативни индустрии во организација на здружението „Балкан синема ситис“ и Унијата на македонски организации во креативните индустрии (УМПАКИ), со поддршка од Министерството за култура и туризам и Британскиот совет. (Лабораторум)
Крива Паланка - Акција за пошумување на БОРЕНКА во Североисточниот регион - Кокино.
Скопје - Националниот џез оркестар ќе одржи прес-конференција по повод концертот со наслов Golden Rock Swings. (Кафе бар Филхармонија/12:00)
Скопје - Почнува 17. издание на „Недела на јапонски филм“ сo прикажувае на филмот „Враќањето на Даимаџин”. (Кинотека на Македонија/20:00)
Скопје - Промоција на книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера, во превод од хрватски на македонски јазик на Славчо Ковилоски, кој е и автор на предговорот, а во издание на „Македоника литера“. (Културно-информативниот центар, салон Империјал 2/19:00)
Скопје - Концерт на Мешаниот хор на Солун. (Мала концертна сала на Филхармонија/19:30)
Скопје - Манифестација „Мажи на годината 2024“. (Националната Опера и Балет/20:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***