• среда, 27 ноември 2024

Средба на лидерот на ДУИ, Ахмети, со норвешкиот амбасадор во Хрватска, Бјорнстад

Средба на лидерот на ДУИ, Ахмети, со норвешкиот амбасадор во Хрватска, Бјорнстад

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во Загреб имал средба со амбасадорот на Норвешка во Хрватска, Арне Бјорнстад, на која  разговарале за политичката ситуација во регионот, европската интеграција на Северна Македонија, Охридскиот договор и владеењето на правото.

-Претседателот Ахмети го информира норвешкиот амбасадор дека по претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија, волјата на албанските граѓани не беше почитувана од мандатарот.  Стабилноста и безбедноста во земјата произлегуваат од Охридскиот договор кој ги регулира односите меѓу заедниците и гарантира мир, безбедност и стабилност.  Затоа, албанскиот јазик не треба да биде загрозен од политичките диктати на власта без етнички легитимитет. Г-дин Ахмети изрази загриженост и за отстапувањето од европската перспектива и тензиите во односите со соседите, информира ДУИ.  

Како што се наведува во партиското соопштение, Ахмети нагласил дека „се потребни два историски процеса во регионот“.

-Првиот, историско албанско-српско помирување со меѓусебно признавање на Косово и Србија, како и регионален договор на сите соседи, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово, за незагрозување на територијалниот интегритет на Северна Македонија, наведува ДУИ. хс/дма/

Фото: Демократска унија за интеграција

Остани поврзан