• сабота, 28 декември 2024

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот архив и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот архив и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Директорите на Државниот архив на Република Северна Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Наташа Котлар и Никола Мемов потпишаа Меморандум за соработка со цел проширување на меѓусебната соработка во областа на заштитата и размената на податоци за осигуреници коишто ќе остварат право на пензиско и инвалидско осигурување, информираат од Фондот.

Директорката на Архивот, Котлар рекла дека воспоставувањето на соработката ќе помогне да се намали обемот на документарниот материјал што се чува во институцијата и да обезбеди простор за нов.

Директорот на Фондот, Мемов, пак, потенцирал, дека со внесувањето на податоците во архивата на Фондот ќе се намалат проблемите во утврдувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување кај осигурениците.

Исто така, било констатирано дека со овој чекор на соработка и дигитализација на податоците, крајна придобивка ќе биде тоа што граѓаните нема да мора да одат од една до друга институција за да си ги остварат правата од пензиското и инвалидското осигурување.

Државниот архив и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување соработката ќе ја реализираат преку дигитализација на документарниот материјал од приватни иматели - правни лица кои престанале да постојат по пат на стечај или ликвидација со формирање работни групи за  ажурирање и внесување на податоците  содржани во документарниот материјал. сст/дма/

фото Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија

 

 

 

Остани поврзан